Ќе се исплаќа во две транши, за што нашата земја мора да ги спроведе мерките договорени со ЕУ во областа на даночната политика, даночниот менаџмент, управувањето со јавните инвестиции, јавно-приватното партнерство, подобрувањето на деловното опкружување, реформите во судството и борбата против корупцијата
Другиот услов е задоволително спроведување на програмата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).Европратениците забележуваат дека по делумно закрепнување од рецесијата после пандемијата на Ковид-19, Северна Македонија е сериозно погодена од руската агресија во Украина.Одлуката треба да биде изгласана на пленарната седница на ЕУ во јуни, а потоа и на Советот на ЕУ.