Неговата „ТУРД Олимпик“ склучила договор на 30 години за закуп на базенот „Плаја Виста“, каде што урбанистичкиот план предвидува изградба на објект со намена спорт и рекреација. Откако ДКСК отвори постапка, ЈП за стопанисување со државни спортски објекти го раскинува овој и склучува нов 10-годишен договор со друга фирма – „Г3-Фуд“, со тоа што двете страни, заедно со „ТУРД Олимпик“, прават договор со цесија, со цел закупнината да се пребива со судски потврден долг уште од 2003 година. Арно ама, проблем е фактурата меѓу двете компании, која ја немало во претпријатието, па реагирале УЈП и Финансиска полиција, а постапува и Јавното обвинителство. На крајот, ЈП го поништува овој договор!
од Фокус 12.02.2024
Неделникот „Фокус“ го истражуваше спорниот закуп на дел од спортско-рекреативниот центар „Кале“ од страна на поранешниот советник за спорт на експремиерот Зоран Заев, Даниел Димевски, кој деновиве успеа да се избори за втор мандат на чело на Македонскиот олимписки комитет (МОК), откако спортски федерации и работници побараа негова смена. Врз основа на документацијата со која располагаме и податоците што ги обезбедивме, утврдивме шема од поврзани компании, за кои соодветни постапки повеле надлежни институции. Повеќе на Фокус.мк