12.8 C
Скопје
23/06/2025 03:05
МАКТЕЛ

   

ФОКУС: Милијардите како заразна „болест“ кај политичарите: Од времето на Циле, па до сега – ветени 23 милијарди евра, реализирани 0  

      

Од Васил Тупурковски, па наваму, заразното ветување со милијардата го презедоа сите лидери на политички партии во своите предизборни кампањи. Ветените милијарди беа неверојатно лесен популистички и предизборен маркетинг, кој им донесе победи и на Никола Груевски и на Зоран Заев. Било да се марки, евра, фунти, долари, форинти, важно е што се ветуваат милијарди. Згора на тоа уште помалку боли враќањето на огромните камати ако знаеме дека не се работи за кредит, туку за инвестициски заеми.

 Недостасуваат уште четири милијарди евра конвертирани во ветувања за да може да распоредиме по една милијарда евра за секоја година откако почнаа ветувањата со големите инвестициски циклуси, од кои македонските граѓани не видоа ниту една тула, ниту еден метар асфалт, ниту една нова болница, а богами ниту една филијала на „Гугл“ и Формула 1 патека.

   

Ветувањата што почнаа со милијардата на Васил Тупурковски во кампањата за изборите во 1998 година, а продолжија со 7 милијарди на Никола Груевски, 8 милијарди на Зоран Заев и 7 милијарди од Унгарија, односно Велика Британија на Христијан Мицкоски, за речиси три децении требаше или треба Македонија да ја претворат во економска, образовна и еколошка оаза.

Од лидерот на централно популистичката Демократска алтернатива, Тупурковски, па наваму, заразното ветување со милијардата го презедоа сите лидери на политички партии во своите предизборни кампањи.Егзотичните милијарди беа неверојатно лесен популистички и предизборен маркетинг, кој им донесе победи и на Груевски и на Заев, на едниот на предвремени, на другиот на редовни парламентарни избори, а уште поголема мистерија останува фактот што денот по изборите или денот по формирањето на нивните влади, милијардата се стопуваше.

За разлика од нивните ветувања, кои освен ветерниците во Богданци, беа ветер и магла, новиот премиер Мицкоски не брзаше со најавите пред избори и џокерите ги чуваше за премиерската функција.Само што седна на столчето на Илинденска, ја реализираше ветената милијарда евра задолжување од неговиот пријател од Унгарија, Виктор Орбан. Додуша, 500 милиони евра се потрошија да се врати еврообврзницата на Заев, а другите 500 милиони евра кредит требаше да завршат кај бизнисот и кај општините.

Но, ефектите од тие пари сѐ уште не сме ги виделе. Ако за општините знаеме дека се трошат на асфалтирање сокаци и санирање фасади и на изградба на по некоја градинка, оние 250 за фирмите никој не знае каде отидоа.Мицкоски отиде чекор понатаму и најави инвестициски бум, односно британски кредит од пет милијарди фунти или 6 милијарди евра завиткан во подарок и претставен како стратешко партнерство.

Било да се марки, евра, фунти, долари, форинти, важно е што се милијарди. Згора на тоа уште помалку боли враќањето на огромните камати ако знаеме дека не се работи за кредит, туку за инвестициски заеми.

ТАЈВАНСКИТЕ МАРКИ, КОИ СТАНАА ДОЛАРИ

 Ветувањето на Васил Тупурковски во кампањата за изборите во 1998 година, кога на пиедесталот се искачија со младиот и тогаш неискусен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Георгиевски, треба да се изучува како задолжителна лекција, не само во високо, туку и во средно образование.Тоа е класичен пример како едно ветување нѐ чинеше скапо на дипломатски план, односно станавме потсмев на меѓународната јавност кога го признавме Тајван за независна држава од каде што наводно требаше да дојде милијардата.

Во 1999 година, Македонија воспостави дипломатски односи со Тајван, што предизвика силна реакција од Кина, вклучувајќи прекин на дипломатските врски и користење вето во Советот за безбедност на ОН против продолжување на мисијата УНПРЕДЕП во Македонија. Иако Тајван вети значителна економска помош, вклучувајќи изградба на индустриски зони и инвестиции во инфраструктура, реализацијата беше ограничена. Според извештаите, околу 20 милиони долари беа распределени на македонски компании, но дел од тие средства не беа вратени, што доведе до финансиски обврски за државата.

Според предупредувањата од тогашниот претседател Киро Глигоров, се очекуваше студена одмазда од светската велесила Кина, која до ден денешен смета дека Тајван е нејзина покраина и не ја признава независноста. Откако ни се налути Кина, го „отпризнавме“ Тајван, а Тупурковски и неговите блиски соработници до ден денес се убедени дека тајванските кредити ќе значеа подобра иднина на земјата.

Во 2009 година, Тупурковски беше осуден на три години затвор за злоупотреба на тајванската економска помош, но пресудата беше поништена на Апелација. И покрај тоа, аферата остави траен белег врз неговата политичка кариера и врз довербата на јавноста во политичките ветувања.Воспоставувањето односи со Тајван и последователниот прекин со Кина имаа значителни последици за Македонија, вклучувајќи дипломатска изолација и економски притисоци. По падот на владата во 2001 година, Македонија ги обнови односите со Кина, а аферата со „тајванската милијарда“ остана како предупредување за ризиците од неисполнети ветувања.

Милијардата долари инвестиции за побрз развој на Македонија предизвика голем шок во јавноста. За оние што поверуваа, инвестицискиот план предвидуваше изградба на над 1.000 станови, фарми, фабрики за храна, поволни кредити и отворање голем број работни места.

Една милијарда, која прво беше пресметувана во американски долари, а потоа во германски марки беше износ што претставуваше повеќе од половина од тогашниот буџет на Македонија.Милијардата никогаш не влезе во Македонија, но ние дипломатски се избрукавме. „Милијардата на Циле“ останува симбол на неисполнети политички ветувања и на последиците од кратковидни дипломатски одлуки. Аферата служи како потсетник за потребата од транспарентност, одговорност и реални очекувања во политиката и во економијата.

8-ТЕ МИЛИЈАРДИ НА ГРУЕВСКИ

 Пред локалните избори во 2009 година, поранешниот премиер Никола Груевски најави инвестициски циклус од осум милијарди евра, кои ќе бидат вложени за изградба на рудници, термо и хидроцентрали, гасификација, патишта, пруги, социјални станови, нуклеарни истражувања… Но, потоа немаше ни отчет, ни објаснување што се случи со најавените инвестиции. СДСМ, тогаш како опозиција, реагираше дека се „работи за најголемата предизборна лага“ во историјата на Македонија, поголема дури и од „милијардата на Циле“.

Груевски, неколкупати ја покачуваше сумата, секојпат кога ќе почувствуваше дека рејтингот му е загрозен, додаваше по уште една милијарда инвестиции. Постојано се зборуваше дека Македонија ќе стане светски инвестициски рај, првак во создавање бизнис-клима, а, всушност, само се трошеа пари на реклами за „Дуинг бизнис“ кампања во медиуми како „Фајненшл тајмс“ и на „Си-ен-ен“.Фрчеа ветувања како автопатишта, брзи пруги, социјални станови, рудници, хидроцентрали, вечниот Чебрен, гасификација на цела земја, животна средина, но и создавање пловен Вардар за побрз проток на кинеската стока од Солун до Белград.

Во земјава доаѓаа тогашните милијардери со сомнителен багаж како Индиецот Субрата Рој, кој требаше да донесе 20.000 крави во Овчеполско, мексиканскиот телекомуникациски магнат Карлос Слим, Дојче банк….Најавите за инвестициски бум се сведоа само на стиропор и барок обвиткан во гипс-картон, антички споменици од проектот „Скопје 2014“, за кој се потрошија од државниот буџет најмалку 600 милиони евра.

МИЛИЈАРДА ОД ТРЕТА МАЈКА

 Милијардите не влегоа во Македонија ниту од трета мајка, а пропагандата со популизам против која се бореше во 2016 и во 2017 година, ја прифати и поранешниот премиер Зоран Заев.

Заев, во 2021 година најави амбициозен план за инвестиции во вредност од 8 милијарди евра во рамките на Планот за забрзан економски раст за периодот 2022–2026 година. Овој план предвидуваше 4 милијарди евра јавни инвестиции и дополнителни 4 милијарди евра мобилизирани од приватниот сектор, со цел постигнување годишен економски раст од 5 отсто и создавање 156.000 нови работни места.За некој глас повеќе, тој најави инвестициски циклус од осум милијарди евра со цел да се подигне конкурентноста, иако за нив ниту имаше конкретни планови, рокови и објаснување од каде ќе се најдат тие пари, дали ќе бидат кредити, заеми и под кои услови.

Следува инвестициски циклус од околу осум милијарди евра. Проектирани се една милијарда во патишта, над една милијарда во железница, над една милијарда во енергетика, со ХЦ Чебрен, со далекуводот кон Албанија и со гасоводот, нов Клинички центар, инвестиции во земјоделството и руралниот развој, пречистителни станици за отпадна вода, регионални фабрики за прибирање и обработка на отпад, канализациски и водоводни системи, училишта и градинки и други проекти за реалните потреби на луѓето, рече Заев и подоцна додаде уште три на „сметката“.

Само ова горе да се реализираше, Македонија ќе беше на исто рамниште со некои од земјите-членки на ЕУ. А, ако дојдеа Гугл и Мајкрософт да инвестираат во Македонија и ако се изградеше ветената тркачка патека во Гевгелија за Формула 1, ќе беше уште подобро.До крајот на 2021 година, некои проекти беа почнати, како што се изградбата на ветерни паркови во Богданци, Свети Николе и во Демир Капија, како и планирање соларни електрани во Штип и во Осломеј. Сепак, целосната реализација на планот остана неизвесна, особено по оставката на Заев во декември 2021 година.

Неговиот наследник, кој не беше избран на избори да ја води земјата, туку во Собрание по оставката на владата на Заев, Димитар Ковачевски најави осум милијарди евра инвестиции во стопанството, но неговиот план веќе не го сфаќаа сериозно, ниту економистите, ниту опозицијата, ниту граѓаните, кои му пресудија на последните парламентарни избори во 2024 година.

КАМАТА ВО ФУНТИ ПОМАЛКУ БОЛИ

 Нема валута што нашите политичари ја немаат ветено. По марките од Тајван на Циле, еврата на Груевски, Заев и Ковачевски, актуелниот премиер Мицкоски ќе се задолжува во фунти.По кредитот од Унгарија што го добивме од неговиот пријател со, како што рече, најповолни услови досега, сега Македонија ќе влезе во нов инвестициски циклус, во кој ќе позајмиме дури пет милијарди фунти или шест милијарди евра за капитални проекти.

Во првиот бран кредити од околу 2,5 милијарди евра ќе ја градиме брзата пруга на Коридор 10 од Табановце кон Гевгелија, ќе градиме болници во Кичево, Тетово и Штип, а нешто ако остане, ќе биде за асфалтирање локални и регионални патишта.Во вториот бран, кој беше најавен во последните два дена, се работи за кредит од околу 1,5 милијарди евра, кој ќе биде искористен за коинвестиција во хидроцентралите Чебрен и Галиште.

Другото, околу две милијарди евра ќе се инвестира во подобрување на животниот стандард на граѓаните и квалитетот на живеење, како што вели Мицкоски. Планирано е евтино централно греење во Скопје и во другите градови и уште неколку мерки со кои Македонија ќе стане чиста како Словенија.Неговите милијарди, за разлика од другите, веќе се на прагот да пристигнат, убаво спакувани како стратешки договор со втората светска сила во светот, Обединетото Кралство, кое за возврат нема ништо да ни побара, ниту бегалски кампови.

Единствен услов, според досегашните медиумски објави, е 30 отсто од проектите да ги работат британски фирми. Каматата за кредитите не е позната, а ќе се враќаат на кратки рокови од 10 години, вклучувајќи го и грејс-периодот од пет години во кои ќе се гради.Ова е класичен кредит како унгарскиот, во кој Македонија нема да добие, туку ќе се задолжи за шест милијарди евра, кои ќе се враќаат со каматна стапка, која се држи во тајност, иако според банкарските стандарди, таа треба да биде транспарентна. Но, сепак, се работи за Договор за стратешко пријателство со пријателска Велика Британија, а не за банкарски договор за заем.

А, КАДЕ Е ОБРАЗОВАНИЕТО?

 Реакциите во јавноста се поделени. Едни сметаат дека е добро што добиваме кредити од прозападните земји, но дека треба транспарентно да се трошат парите. Други, пак, сметаат дека овие пари ќе го зголемат јавниот долг и дека Македонија нема капацитет институционален да ги реализира ваквите проекти.Ако на тоа се додаде и стравот на граѓаните дека може да се распродаде уште нешто од природните богатства, шумите, реките, езерата, оправдан е сомнежот дека се работи за само уште една мегаломанска најава на оној што во моментот е на власт.Оние најнеутралните аналитичари, пак, го поставија прашањето: зошто кога веќе стратешки се здруживме со Обединетото Кралство, не ја свртиме земјата кон инвестирање во образованието, како најисплатлива инвестиција, демократијата и владеењето на правото, во кои земја како Велика Британија е навистина светска сила.Текстот е објавен на 29 мај 2025 година во неделникот „Фокус“, во бројот 1.547.

   

Најново

Капчан: По глобалните неуспеси, Трамп би можел да се сврти кон Србија и Косово

Sase Ivanovski

Германија, Франција и Велика Британија го повикуваат Иран да преговара за нуклеарен договор

Sase Ivanovski

Опожарен автомобил во Гази Баба

Sase Ivanovski

Ставров: Аматерски се работи на капитален проект како што е изградба на пругата

Sase Ivanovski

НАТО „внимателно ја следи ситуацијата“ во Иран, ЕУ повикува на мир и преговори

Sase Ivanovski

Киев: Американските и израелските напади се оправдани и испраќаат јасен сигнал

Sase Ivanovski

Едно лице починало од листериоза, две други заболеле, ИЈЗ повикува на внимателност со храната

Sase Ivanovski

Шумски пожари на грчките острови Хиос и Евија, евакуирани населени места и хотел

Sase Ivanovski

Рубио: Светот е побезбеден по американските напади врз Иран

Sase Ivanovski

Најмалку 20 убиени во нападот врз црква во Сирија, сторителот поврзан со ИД, велат властите

Sase Ivanovski

Филипче: Живеачката е на раб на достоинство, економски е Македонија понижена

Sase Ivanovski

Трајановски: Делницата од Врбјани до Охрид, со прекин кај Ботун, ќе биде пуштена во употреба до 11 или 12 јули

Sase Ivanovski

ФОТО | Ракетите на Иран погодија станбен комплекс во Тел Авив

Sase Ivanovski

Крвава свадба во Франција: Убиена невеста, тројца повредени во вооружен напад

Sase Ivanovski

11 МАКЕДОНЦИ ЧЕКААТ ДА ЗАМИНАТ ОД ИЗРАЕЛ Затворен аеродромот во Тел Авив, МНР подготвува план Б за евакуација

Sase Ivanovski

ИРАНСКАТА ГАРДА СО СЕРИОЗНА ЗАКАНА Американските бази во Бахреин и во Катар во опасност по нападот на САД

Sase Ivanovski

Предупредување до речиси 2 милијарди корисници на Gmail: Веднаш сменете ги лозинките

Sase Ivanovski

ПОРАКА ДО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КОЧАНИ, ВЕНКО КРСТЕВСКИ: Не биди новата Данела, не води војна со владата, не терај политичка кампања, биди конструктивен, помогни им на Кочанчани

Sase Ivanovski

СЕ ГЛЕДААТ ГОЛЕМИ КРАТЕРИ: САТЕЛИТСКИ СНИМКИ ОД НУКЛЕАРНИТЕ КАПАЦИТЕТИ КОИ БЕА ПОГОДЕНИ ОД АМЕРИКАНСКИТЕ БОМБАРДЕРИ

Sase Ivanovski

„ЗАПРЕТЕ ПРЕД ДА БИДЕ ПРЕДОЦНА“ Анкара ги предупредува САД и Иран

Sase Ivanovski

ЗЕМЈА НА ПРОСПЕРИТЕТ, РЕД, РАЗВОЈ, ПОЧИТ, ЧОВЕЧНОСТ, ВРЕДНОСТИ Таква Македонија ветува Христијан Мицкоски

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Поради политиките на СДС, Македонија 7 години беше понижувана, распарчувана и уништувана, ВМРО-ДПМНЕ ја враќа државата на вистинска патека

Sase Ivanovski

Почнува 46. Скопско лето

Sase Ivanovski

Демири: Над 70% од граѓаните живеат со под 500 евра плата месечно, тоа е понижување

Sase Ivanovski

Арапските држави изразија сериозна загриженост по американските напади врз Иран и повикуваат на преговори

Sase Ivanovski

Пластичен хирург утре во посета на повредните во пожарот во „Пулс“ кои се на рехабилитација во Пониква

Sase Ivanovski

Филипче: Во администрација се вработува само со списоци, сите останати граѓани се понижени и дискриминирани

Sase Ivanovski

Трајчулевски: Без план, без еден лист проект за железницата се задолжуваат скоро 2 милијарди евра

Sase Ivanovski

Филипче: Ова не е промената која граѓаните ја бараа, понижени се работниците, земјоделците и младите

Sase Ivanovski

ЛУКАШЕНКО НЕ ГИ УБИВА СВОИТЕ ПРОТИВНИЦИ КАКО ПУТИН Лидерот на белоруската опозиција, Сергеј Тихановски пуштен на слобода по речиси пет години затвор

Sase Ivanovski

Чупеска : ДПМНЕ со системски упади го руши владеењето на правото и ги игнорира меѓународните препораки

Sase Ivanovski

Филипче: Наместо сите да се интегрираме, очигледно ДПМНЕ сака еден по еден да го бараме патот кон ЕУ

Sase Ivanovski

Фрчкоски: Досега немало влада со полошо владеење

Sase Ivanovski

Мицкоски: Одредени политичари во Брисел повторно се обидуваат ги преформулираат македонскиот јазик и идентитет

Sase Ivanovski

Зеленски: Германски и чешки компании испорачуваат материјали во Русија

Sase Ivanovski

Советот за безбедност на ОН ќе се состане за американските напади врз Иран

Sase Ivanovski

Иран вели дека четворица припадници на ИРГЦ се убиени во израелски напад

Sase Ivanovski

Во Лондон десетици илјади луѓе се собраа во поддршка на Палестинците во Газа и против војната на Израел со Иран

Sase Ivanovski

Жена-возач 94 годишна, прегази осум лица на паркинг на супермаркет во Германија

Sase Ivanovski

Скопјанец ја повредил својата четиригодишна ќерка при семејно насилство, предложен притвор

Sase Ivanovski

Израел ја проширува офанзивата кон ракетни центри во Иран

Sase Ivanovski

Зошто Ормутскиот теснец е едно од најважните места за светската економија?

Sase Ivanovski

Макрон ќе свика состанок на безбедносниот совет по нападите на САД врз Иран

Sase Ivanovski

Израел го отвори воздушниот простор

Sase Ivanovski

Џеј Ди Венс: Не сме во војна со Иран

Sase Ivanovski

Иранското нуклеарно познавање не може да биде уништено, вели висок ирански функционер

Sase Ivanovski

Иранската Црвена Полумесечина соопшти дека нема жртви во американските напади врз нуклеарните постројки

Sase Ivanovski

Иранската влада вели дека нема опасност за жителите што живеат во близина на иранските нуклеарни постројки нападнати од САД

Sase Ivanovski

Ирански медиуми јавуваат за експлозија во покраината Бушер, каде што се наоѓа нуклеарен реактор

Sase Ivanovski

Холандските болници ја засилуваат употребата на вештачка интелигенција за подобра здравствена грижа

Sase Ivanovski

Македонија го презема претседавањето со ЦЕФ – министерката Димитриеска-Кочоска во работна посета на Црна Гора

Sase Ivanovski

Поради навреди и симболи на УЧК, Зенит го „откажа“ трансферот на Мирлинд Даку

Sase Ivanovski

Иранскиот парламент одобри затворање на Ормутскиот теснец

Sase Ivanovski

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсег: Со „Полноќен чекан“ ги уништивме нуклеарните планови на Иран

Sase Ivanovski

Телефонски разговор меѓу Рубио и Тајани, во фокусот конфликтот меѓу Иран и Израел

Sase Ivanovski

(Видео) ДРАМА ВО ЧАИР Арсовска со полициска придружба во Чаир, откриена зграда дивоградба од 12 ката со 50 станови Станарите се заканувале и им ги исекле гумите на возилата на инспекторите

Sase Ivanovski

Дел од вработените на Клинички ќе паркираат кај „Лимак“ – ново привремено решение за хаосот со паркирањето

Sase Ivanovski

ВИДЕО | 86-мина повредени во иранскиот напад над Тел Авив

Sase Ivanovski

Филипче: СДСМ останува на страна на граѓаните, Владата изгуби контакт со реалност

Sase Ivanovski

Бомбардер „Б-2 Спирит“ – гаѓа цели од 15 километри висина, чини 2.1 милијарди долари и може да лета до 11.000 километри нонстоп

Sase Ivanovski

Нападите врз Иран – најголемиот и најризичен чекор на Трамп во надворешната политика

Sase Ivanovski

Филипче: Подадов рака за вистински реформи во судството, но ВМРО-ДПМНЕ не го сака тоа

Sase Ivanovski

Филипче: Криминалот е двојно зголемен, граѓаните живеат во страв, нема ништо гордо во тоа

Sase Ivanovski

Билд: Германската влада ќе обезбеди средства за дополнителни 10.000 војници до крајот на годината

Sase Ivanovski

Иранскиот шеф на дипломатијата Арагчи оди во Москва за да се сретне со Путин

Sase Ivanovski

МАКТЕЛ ДОЗНАВА: ДОМ излегува од коалиција со СДСМ – ќе оди самостојно на локалните

Sase Ivanovski

Уапсен возач без дозвола и со 1,81 промили алкохол на патот Крушево – Прилеп

Sase Ivanovski

Тројца мажи се претставиле како полицајци и истепале кривопаланчанец сред Центар

Sase Ivanovski

Иран со итно писмо до Советот за безбедност поради нападите на САД

Sase Ivanovski

Најголема кражба на податоци досега: украдени лозинки од Google, Facebook и Apple

Sase Ivanovski

Николоски: Понудите за нови 120 автобуси се очекуваат до средината на јули

Sase Ivanovski

„Марш за ангелите“ со силна порака: Нерегуларностите во дискотеката „Пулс“ на институциите им биле познати пред трагедијата

Sase Ivanovski

Македонска амбасада во Израел: Затворен аеродромот во Тел Авив, активни се само морски рути за излез од државата

Sase Ivanovski

Приведен возач во Македонска Каменица, управувал возило под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

АХВ со остра реакција до в.д. градоначалникот на Кочани

Sase Ivanovski

НОВ ПАТ ЗА ГЕВГЕЛИЈА, БОГДАНЦИ, ВАЛАНДОВО И ЗА ДОЈРАН Модерна делница која го поврзува регионот со коридорот 10

Sase Ivanovski

„НЕКОИ ДРЖАВИ ЌЕ ГО ДАДАТ СВОЕТО НУКЛЕАРНОТО ОРУЖЕ НА ИРАН“ Еве што порача Медведев по американскиот напад

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЗАИГРАА ТУПАНИЦИ И СТАПОВИ НА ЈАДРАНСКА МАГИСТРАЛА Сообраќајно недоразбирање прерасна во улична тепачка

Sase Ivanovski

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако ова е почетокот на тотална војна помеѓу Израел и Иран, Америка не може да остане настрана

Sase Ivanovski

УАПСЕН РЕКЕТАР ВО ШТИП – СО ПРИСИЛА И УЦЕНИ МУ ЗЕЛ 4.500 ЕВРА Момче принудено да зема брзи кредити, да позајмува и да краде од татко му

Sase Ivanovski
Вчитувам....