Најпрво, сакам да му се заблагодарам на мојот колега Митко Јанчев што ги отвори вратите и беше домаќин на оваа, за нас значајна средба од повеќе аспекти. На овој состанок, се начнаа повеќе теми од кои како најважна би ја издвоил иницијативата за законски измени за изречување енормни глоби за создавачите на диви депонии. Навистина е доста и неблагодарно да се уништува чистата животна средина и здравјето на нашите жители.
Инцијативата која ќе биде доставена до надлежните ќе значи ставање под контрола на загадувачите и нема да има апсолутно никаква толеранција за оние кои ги создаваат дивите депонии. Ние нема да дозволиме нарушување на ликот на нашите општини. И бидејќи нема да има толеранција кон никого, апелирам на свесно и одговорно однесување. Благодарам на моите колеги за присуството и плодната дебата која сигурен сум, ќе влоди со плод бидејќи нашата намера за зачувување на нашите општини е сериозна.