Секој нов проект што го реализираме носи со себе позитивни промени и го подобрува квалитетот на животот во Ѓорче Петров. Денес, со задоволство споделувам дека сме еден чекор поблиску до нашата заедничка цел – да создадеме средина каде секој жител може да ужива во удобноста и современите услови за живот.
Во тек е асфалтирање на кракците на улица 51 во Стопански Двор, како и на крак на улица 31 и крак на улица 49 во Волково. Со овие активности, кои покриваат вкупна површина од м², директно ги подобруваме пристапните патишта до домовите на нашите сограѓани.
Горди сме што како Локална самоуправа успеваме да ги реализираме нашите ветувања.
Секоја завршена улица е уште еден доказ дека можеме и сакаме да создаваме подобра иднина за сите. Работиме со огромна посветеност и чесност, водени од желбата да го направиме Ѓорче Петров место каде животот е квалитетен и исполнет со радост. Ѓорче Петров без кал е веќе реалност, а со секој нов проект се приближуваме кон нашата визија за модерна и просперитетна заедница.
Со љубов и ентузијазам за Ѓорче!