18.8 C
Скопје
31/05/2025 08:04
МАКТЕЛ

     

(ФОТО) Машинскиот факултет го зацврстува инженерското образование со модерни лаборатории и напредна опрема

      

Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје доби на трајно користење напредна технолошка опрема од компанијата ЛТХ Леарница Охрид, која ќе биде ставена во функција на наставата, лабораториските вежби и научно-истражувачката работа. Ваквиот вид соработка претставува практичен модел на подобрување на образованието преку директно поврзување на факултетот со индустрискиот сектор, со јасна цел – создавање на кадровски потенцијал кој одговара на реалните потреби на современото производство и технолошки развој.

Свечениот настан по повод примопредавањето се одржа во Лабораторијата за производни технологии и процеси, во присуство на претставници од академската заедница, Министерството за образование и наука и индустрискиот сектор. Оваа донација е прв реализиран чекор од новиот модел на партнерски пакети со компании што Машинскиот факултет го воведе во 2024 година, со цел да поттикне структурирана и долгорочна соработка меѓу високото образование и стопанството. Деканот на Машинскиот факултет, проф. д-р Златко Петрески истакна дека во услови кога технологијата напредува со незапирлива брзина, кога вештачката интелигенција и дигиталните процеси се веќе составен дел од секојдневието, високото образование се соочува со предизвик – не само да го следи технолошкиот развој, туку и да создаде кадар кој ќе го води.

   

„Целосно надминување на овој предизвик е невозможно, но да се остане во достоинствена борба со него е можно само преку континуирано осовременување на наставните планови и програми и практична едукација што ги вклучува студентите директно во технолошките процеси. Со донацијата на опремата од страна на ЛТХ Леарница Охрид Машинскиот факултет добива напредна технолошка целина која ќе биде ставена во функција на образованието и истражувањето. Оваа опрема ќе се користи во повеќе наставни предмети и лабораториски вежби, како и во реализација на дипломски, магистерски и докторски трудови, со што нашите студенти и професори ќе имаат привилегија да работат со современи технологии, што ќе ги подготви за реалниот свет и ќе ги оспособи за водење на индустриската трансформација“, рече проф. д-р Петрески. Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, во своето обраќање го нагласи значењето на иницијативите кои го подобруваат квалитетот на високото образование и создаваат услови за практична едукација на студентите. Таа ја оцени донацијата од ЛТХ Леарница Охрид како позитивен пример за соработка помеѓу приватниот сектор и академската заедница, со потенцијал да донесе долгорочни придобивки за целото општество.

„Инвестициите во модерни образовни алатки, без разлика од каде доаѓаат, не се само вложување во инфраструктура – тие се инвестиција во иднината на младите генерации. Верувам дека оваа опрема ќе им даде на студентите и професорите алатки за иновација, креативност и соработка. Стопанството и реалниот сектор посакуваат и постојано бараат да имаат што е можно повеќе квалификуван и практично поткован инженер. Затоа сметам дека ова денес што го промовираме е вистински пример за тоа како компаниите можат сами да си помогнат себе си, директно помагајќи и на факултетите“, рече министерката Јаневска, притоа нагласувајќи дека е неопходно да се продолжи со посериозни инвестиции во лабораториска опрема и истражувачка инфраструктура, со цел да се обезбедат современи услови за настава и научна работа на државните универзитети. Ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Биљана Ангелова, потенцираше дека оваа донација е значаен чекор затоа што соработката со реалниот сектор е еден од приоритетите на универзитетот.

„Нашата цел како универзитет не е само да го пренесуваме нашето знаење на студентите туку кај нив да развиеме критично размислување, да поттикнеме иновативност, а токму практичната настава и практичните вежби, и се поголемиот допир на студентите со реалниот сектор го овозможува тоа.  Нашата цел е да им го олесниме патот на  студентите, преодот од училниците и лабораториите во реалниот сектор, затоа освен со академски знаења треба да ги обучиме и со вештини кои ќе им го олеснат овој преод од една во друга средина, од училница во реалните работни средини, токму тоа и го правиме со оваа опрема. Ова е влог не само во материјална форма, која што го добива Машинскиот факултет, туку и образовниот  процес“, рече ректорката на УКИМ,  проф. д-р Ангелова и додаде дека соработката помеѓу владините институции, образовните установи и реалниот сектор мора да се продлабочува и во иднина, затоа што само така може да се постигнат целите на високото образование. Претставникот на ЛТХ Леарница, Клемен Турк изрази уверување дека со оваа донација ќе се придонесе за проширување на практичното знаење и на идните професионални можности за студентите на Машинскиот факултет.

„Донираме координатна мерна машина, уред за мерење на димензии на резачки алати и ЦНЦ вертикален обработувачки центар, која е високо продуктивна и докажана во индустриски услуги и се надевам дека ќе им служи успешно на студентите и истражувачите на Машинскиот факултет. Со оваа донација ЛТХ Леарница станува првиот златен партнер на Машинскиот факултет,  признание кое не е само статус, туку и ветување за соработка меѓу индустријата и образованието“,  рече Турк. Со соработката со  ЛТХ Леарница Охрид Машинскиот факултет уште еднаш ја потврдува својата водечка улога во инженерското образование во државата. Преку стратешки партнерства, современи наставни пристапи и силна посветеност на практичната настава, факултетот продолжува да гради генерации подготвени за индустриски предизвици и технолошка трансформација.

   

Најново

Нов руски напад врз Херсон, има и загинати

Sase Ivanovski

Над 15 илјади матуранти денес ќе го полагаат првиот екстерен испит од државната матура

Sase Ivanovski

Авионска дезинсекција против комарци денеска и утре во Скопје

Sase Ivanovski

Времето денеска сончево со максимална температура до 26 степени

Sase Ivanovski

Колумбија: Фатена „наркоподморница“, запленети шест тони кокаин вредни 300 милиони долари

Sase Ivanovski

Куба ги обвини САД дека ги охрабрува Кубанците да прават кривични дела

Sase Ivanovski

На денешен ден во 1903 година во Санкт Петербург свечено е отворен Троицкиот мост над реката Нева

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: За еден месец во Штип почнува со градба ветерен парк вреден 500 милиони долари

Sase Ivanovski

МИЦКОСКИ: Денеска остварив средба со претседателот на Владата на Унгарија, Orbán Viktor

Sase Ivanovski

Протест на медицинскиот персонал во тетовската болница, два месеци се без плата

Sase Ivanovski

ВЕ МОЛАМ НЕМОЈТЕ ДА ПРЕПИШУВАТЕ Јаневска им подели совети на учениците пред утрешното полагање државна матура

Sase Ivanovski

Филипче: Сестринската ПЕС на СДСМ најави поддршка за резолуцијата за Македонија во ЕП

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кузеска: Скандалозна одлука за Христовски – Обвинителството како партиски инструмент на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Пензионерите протестираа во Свети Николе, бараат линеарно зголемување на пензиите и оставка од актуелната претседателка на Сојузот на здруженија на пензионери Станка Трајковска

Sase Ivanovski

Новиот монах Георгиј е предлогот за нов митрополит во Охрид

Sase Ivanovski

ВНИМАВАЈТЕ ВО ГРЦИЈА: Oдземање на возилото ако зборувате на телефон додека возите, казни и до 8.000 евра за сообраќајни прекршоци

Sase Ivanovski

ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ: ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ ЗА ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА ЌЕ ГО ДОСТАВИМЕ ДО ПАРЛАМЕНТОТ

Sase Ivanovski

Бугарското Собрание усвои резолуција: Се што прифатила Македонија мора да исполни, нема преговарање за нови договори

Sase Ivanovski

Уапсени се малолетници кои пред четири дена пукаа со автоматска пушка кон куќа во Тетово

Sase Ivanovski

Шамбевски: Младите се коавтори и двигатели на промените, новиот Оперативен план покажува дека тие имаат партнер во Владата

Sase Ivanovski

Герасимовски на средба со жителите од Буњаковец: Ги решаваме предизвиците на центарци, обезбедуваме ред и почитување на јавниот простор

Sase Ivanovski

Ќе работам посветено на јакнење на довербата на јавноста: Трајко Славески ја презеде функцијата гувернер на Народната банка

Sase Ivanovski

Пендаровски: Македонија и Велика Британија сѐ уште немаат стратешки договор, содржината на документот повеќе наликува на меморандум за соработка или почетно писмо со намери

Sase Ivanovski

Уште не влезени, унгарски „4iG“ и државниот телеком на Емирати се обидоа да ја намалат цената за влез како трет мобилен оператор

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ХРВАТСКА Е НАВИСТИНА ПРЕКРАСНА

Sase Ivanovski

360°season 11,show 66(in-depth) Извештајот на ЕП со „македонски идентитет“-чекор кон уставни измени?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Вин-Вин: Измените на изборното законодавство се обврски од реформската агенда

Sase Ivanovski

Арсовска: Зградата дивоградба, за која Ганиу тврди дека е изградена во 2011 година, не постои во сателитската снимка од 2023 година

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 360: „Временската машина“ за дивоградби во Чаир повторно актуелна

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Бројките говорат за нашите политики, цврсто чекориме во остварување фискална консолидација

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ФИЛИПЧЕ: СПРЕМНИ СМЕ ДА РАЗГОВАРАМЕ ЗА ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА, НО ЗА ТАА ОДЛУКА ТРЕБА СОГЛАСНОСТ ОД СИТЕ ПАРТИИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: Дали декларацијата во ЕП е доволна гаранција за Мицкоски и за откочување на евроинтегративниот процес?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ СЕ ОБРАТИ НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА ВО БУДИМПЕШТА: Патриотизмот не е ретро идеја, туку е единствен начин кон светла иднина

Sase Ivanovski

Лишен од слобода разбојник во Битола, расчистени три разбојништва, украденото вратено на сопственичките

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ ПРИЛЕП: И после 5 месеци од распишаниот јавен повик за доделување средства од општинскиот буџет за финансирање на спортски клубови, здруженија и фондации, Општина Прилеп сеуште нема извршено распределба на парите

Sase Ivanovski

Лукаревска:Дали најавеното учество на британски фирми значи суспендирање на Законот за јавни набавки

Sase Ivanovski

Зеленски за меморандумот за примирје: Уште една руска измама

Sase Ivanovski

Арсовска до Меџити: Ќе ве дестабилизирам тебе и твојот измеќар Висар

Sase Ivanovski

Хамас го отфрли предлогот на САД за прекин на огнот во Газа

Sase Ivanovski

Лизгање на земја потрупа цело село во Швајцарија, за среќа селото беше евакуирано пред несреќата

Sase Ivanovski

Литературно-музички хепенинг „Читањето е супермоќ“ на 1 јуни во „Ист гејт мол“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Герасимовски: Се бетонира подлогата во салата Работнички, реконструкцијата според највисоки ФИБА стандарди

Sase Ivanovski

Министерот Дурмиши на Меѓународниот форум во Астана: „Интелектуалната сопственост е реална економска вредност

Sase Ivanovski

Ова се петте услови на Путин за завршување на војната

Sase Ivanovski

Герасимовски: Ве чекаме денеска на вкусна трпеза и добра музика во 18 часот во Паркот на Франкофонијата

Sase Ivanovski

Тимчо Муцунски разговарал со Марко Рубио за тарифите на САД кон Македонија

Sase Ivanovski

Ганиу: Органите да постапат ако има нешто незаконски во Чаир, а не Арсовска да прави шоу

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КОЦЕВСКИ: Ми треба поголемо лично обезбедување од тоа што го имам во моментов

Sase Ivanovski

Митовски: Големиот број реалицирани проекти потврда за одговорното работење на Општина Крива Паланка

Sase Ivanovski

Зошто вреди непријатниот разговор? Придобивките за менталното здравје од сеопфатното сексуално образование (ССО)

Sase Ivanovski

Митовски: Општина Крива Паланка нема долгови, туку нарачки на проекти од интерес на граѓаните

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТРАЈКО СЛАВЕСКИ: За 4 години не направив ниту едно службено патување за да не ги оштетам Скопјани, а советничка блиска до Арсовска не се симна од авион 4 години на трошок на Скопјани!

Sase Ivanovski

Филипче: Се потврди дека Мицкоски е продолжена рака на Орбан

Sase Ivanovski

Над 15 000 средношколци утре ќе го полагаат првиот екстерен испит од државната матура

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Саботажа сезона 11 бр. 65

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КОЦЕВСКИ: НЕМАМ НИКАКВА КОМУНИКАЦИЈА СО ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ НИТУ СО НЕКОЈ ОД НЕГОВИОТ ТИМ

Sase Ivanovski

Калајџиев за отфленото обвинение против Христовски: Ме фати срам што живеам во држава што граѓаните ги лаже во очи

Sase Ivanovski

Исчезнатиот Миле забележан на Серта: Исцрпен и ослабнат, побегнал во шумата кога му се обратиле!

Sase Ivanovski

Магистер сум по кинезиологија со чиста 10-ка. Јас сум нај образованиот шалтерски работник со инвалидитед во општина Прилеп,распореден по казна

Sase Ivanovski

СДСМ: Селективност за перење на Христовоски, сошто Обвинителството не побарало одговор директно до ЕТS?

Sase Ivanovski

Лишени од слобода двајца малолетници од тетовско, расчистен случајот сo пукањето во Тетово

Sase Ivanovski

ДАЛИ ДУИ ЈА КООРДИНИРА АКЦИЈАТА ПРОТИВ ДИВОГРАДБИТЕ ВО ЧАИР?! СРНИЧКАТА СЛИКАНА СО БЛЕРИМ БЕЏЕТИ

Sase Ivanovski

Филипче најави нов кодекс за советници на СДСМ, ротација на мандатите и санкции

Sase Ivanovski

Мадрид: Муртезани на средба во шпанското МНР

Sase Ivanovski

Во Чаир активно се уништуваат докази за фалсификатите и дивоградбите – порача Арсовска и го повика Обвинителството да постапи

Sase Ivanovski

СДСМ: Зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи за дивоградбите на Меџити и Ганиу?

Sase Ivanovski

Руската служба за надворешно разузнавање ја обвини Србија дека испорачува муниција во Украина

Sase Ivanovski

Денко Малески: На Зеленски му виси животот на конец 

Sase Ivanovski

Коцевски го амнестира Христовски од АНБ – Газдарицата од Пловдив ја немало, а Бојан не направил ништо со умисла за кривично дело

Sase Ivanovski

Отворање на Викендот на гордоста 2025 – ЈУГОКВИР Изложба за ПАНКОТ, СУПКУЛТУРАТА И СОЦИЈАЛИЗМОТ и симпозиум за КВИР КУЛТУРАТА, БАЛКАНОТ, ИСТОЧНА ЕВРОПА И ГЛОБАЛНИТЕ ТРАНС* ПОБУНИ

Sase Ivanovski

Украина тврди дека руски дрон го погодил пристанишниот град Измаил, на границата со Романија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НОВ ПАТ ВО БИТОЛА СЕ РАСПАЃА?!?!

Sase Ivanovski

Пресврт во Италија: Конте донел конечна одлука!

Sase Ivanovski

Рубио до Муцунски: Сојузниците во НАТО треба да издвојат пет проценти од БДП за одбраната

Sase Ivanovski

Филипче најави санкции за советниците: Дел од досегашните не си ја вршеа добро работата

Sase Ivanovski

Сметките за струја да се издаваат врз основа на реално измерените податоци, бара Здружението на инженери

Sase Ivanovski

Југозападна Африка ја погоди земјотрес со јачина од 6,2 степени

Sase Ivanovski

Ќе се вработуваат 400 пожарникари за превенција од шумските пожари во летниот период

Sase Ivanovski

Законот за локална самоуправа на пленарна седница

Sase Ivanovski

Мицкоски во Будимпешта на средба со Орбан

Sase Ivanovski
Вчитувам....