На главната пешачка улица во Скопје, улица „Македонија“, паднаа цели парчиња од барокната фасада на една од зградите. За среќа, во инцидентот никој не бил повреден. И Град Скопје, но и Општина Центар, под чија надлежност е улицата, рекоа дека се ненадлежни за овој проблем.
„Скопје 2014“ е проект со кој беше предвидена изградба на споменици на историски личности, фонтани, скулптури и нови згради на институции за централното градско подрачје. Но, во проектот беа опфатени и фасадите на дел од објектите во центарот на градот. За овој проект, владата на поранешниот премиер Никола Груевски потроши над 600 милиони евра државни пари.