Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар утре со пријателски натпревар против Железничар ќе прослави јубилеј од 75 години постоење. Исто така и навивачката група „Комити“ ќе слави 35 години од постоењето.
Португалската ѕвезда Бруно Фернандеш, фудбалерот на Манчестер јунајтед, кој се подготвува за стартот со својата селекција на Светското првенство во Катар, ги повика сите утревечер да се појават на Националната Арена „Тодор Проески“ на роденденската прослава на Вардар и Комити во спектаклот кој се игра во 19.30 часот.