Англискиот актер Кит Харингтон (37) се најде на страниците на британското списание за мажи „Џеј-кју“ и проговори за својата зависност од алкохол. Ѕвездата на телевизиската серија „Игра на тронови“ („Game of Thrones“) вели дека трезвеноста е на врвот на неговата листа на најголеми достигнувања во животот.
„Буквално би се презирал себеси и не би се гордеел со ништо“, изјави тој за „Џеј-кју“.
Харингтон откри дека зависноста го довела до длабока депресија со самоубиствени мисли. Неговата борба против алкохолизмот започнала во 2019 година, кога се пријавил на лекување. Харингтон бил подложен на психолошко советување, когнитивно-бихејвиорална терапија и своеволно почнал да медитира. Тој е благодарен што ја „видел светлината“ пред да му се родат децата. Со сопругата Роуз Лесли има тригодишен син и едногодишна ќерка.
Да потсетиме, тој претходно откри дека тешко се справува со славата и дека има сериозни проблеми со менталното здравје, а за сето тоа зборуваше во интервју за „Сандеј тајмс“.
„Нештата што ми се случија откако заврши серијата (‘Игра на тронот’), а кои се случија за време на снимањето, беа прилично трауматични по природа и вклучуваа многу алкохол“, рече актерот.
Често сметал дека е лоша личност и размислувал да си го одземе животот.
„Поминав низ периоди на вистинска депресија кога сакав да правам секакви работи“, откри тој.