„Ја поздравуваме конкуренцијата, но не бараме конфликт и конфронтација“, рече Харис на прес-конференција во резиденцијата на американскиот амбасадор во Бангкок, пренесе Ројтерс.
Харис рече дека Кси, исто така, ја повторил пораката на претседателот Џозеф Бајден дека имаат намера да ги одржат линиите на комуникација отворени бидејќи тоа е во најдобар интерес на светот и на секоја нација. Кинескиот лидер и американскaта потпретседателка се сретнаа вчера на самитот на АПЕК во Бангкок. Тоа беше прва средба меѓу Си и Харис, а разговорите беа затворени за јавноста, пренесе Крстарица.