0.8 C
Скопје
22/02/2025 18:53
МАКТЕЛ

    

ЦГК: Македонија кубури со тимови за итна медицинска помош

      

За последните 8 години, бројот на тимови за итна медицинска помош е намален за 22. Дури половина од 33 здравствени центри имаат помалку тимови од потребните. Еден тим на итна помош некаде покрива 1.000, а во други градови и до 40.000 жители дневно. Во една смена на итната помош некаде има по две, на други места по 50 интервенции.„Не се води евиденција колку повици за барање на брза помош се добиваат, а на колку се оди“, посочуваат од ЦГК.

Иако последниот попис на населението покажа помал број жители во земјата, а со тоа и помалку потребни минимум екипи на итната помош, сепак на половина од вкупно 33 служби за итна медицинска помош во земјата им недостигаат вакви тимови за да се запази законскиот минимум. Во моментов, државата располага со 258 тимови за итна медицинска помош и овој број наместо да се зголемува, секоја година се намалува. Така, во однос на состојбата во 2015 година, кога е донесена последната уредба со која се предвидува минималниот број тимови што треба да го има секој здравствен центар, бројот на тимови за итна помош е намален за 22.

   

Уредбата за мрежата на итна медицинска помош утврдува дека секој здравствен дом кој опфаќа до 30.000 жители треба да има најмалку 5 тимови за итна медицинска помош. Доколку здравствениот дом покрива повеќе од 30.000 жители, тогаш треба да има најмалку по еден дополнителен тим на секои дополнителни 10.000 жители.

Во Скопје „фалат“ 18 тимови

Според податоците добиени од центрите, најлошо во овој поглед стојат Скопје, каде недостигаат 18 тимови за итна помош и Тетово, каде недостигаат 10 тимови за да се дојде барем до минимум потребните. По пет тимови им недостигаат на Куманово и на Струга. Законскиот минимум со тимови за итна медицинска помош го задоволуваат неколку градови: Виница, Демир Хисар, Крива Паланка, Пехчево, Свети Николе и Штип.Повеќе од минимумот имаат 11 здравствени центри, меѓу кои најдобро во овој поглед стојат Битола, Делчево со Македонска Каменица, Кичево и Кочани – секаде има дури по 3 или 4 тимови повеќе отколку што предвидува законскиот минимум. Еден тим на итна помош некаде „покрива“ 1.000, а во други градови 40.000 жители дневно

Постојат огромни разлики во бројот на жители што ги покрива итната медицинска помош. Најлошо стојат Струмица и Тетово, каде еден тим „покрива“ дури по околу 40.000 жители дневно. Куманово и Скопје се следни со покриеност на еден тим на околу 30.000 жители дневно. Најдобро „покриени“ со итна медицинска помош се жителите на малите центри како Вевчани, Пехчево и Ростуше каде еден тим покрива по нешто повеќе од 1.000 жители дневно.

Недостиг на кадар

Најмногу вработени во службата за итна помош во однос на бројот на население има Вевчани каде има еден вработен на 79 жители. Спротивно, најслабо со кадар во итната помош стојат Тетово, каде има еден вработен на 4.172 жители и Скопје и Куманово, каде има еден вработен на повеќе од три илјади жители.

„Просекот во земјата е 1.350 жители на еден вработен во службата за итна медицинска помош. Некаде има само по две, а на други места и по повеќе од 50 интервенции во една смена. Тимовите за итна помош работат во смени, најчесто во две смени по 12 часа или во три по 8 часа секоја смена. Но, освен во Скопје, каде има 9 тимови во една смена, во сите други градови има само по еден или два тима во една смена, освен Битола каде постојано има 3 тимови“, покажува истражувањето.

Во интервенции спаѓаат не само оние на итната медицинска помош, туку и на домашната посета и интервенции во дежурната служба. Скопје, како најголем здравствен центар, има и најмногу интервенции на службата на итна медицинска помош – околу 150.000 годишно или 404 просечно дневно. Но, од сите други градови, според бројот на интервенции отскокнува Велес, каде во 2022 година имало дури 59.000 интервенции или просечно по 162 интервенции дневно.

Каде има најмногу интервенции?

Најмногу интервенции просечно по еден тим има во Радовиш – дури 51 интервенција во текот на една смена од 12 часа. Следува Струмица, каде во една смена просечно има по 46 интервенции и Велес со просечно 40 интервенции во една смена. Спротивно, во Ростуше има само по една интервенција во еден и пол ден и во Виница каде има само по две интервенции во смена.Во однос на вкупниот број жители, најмногу интервенции службата за итна медицинска помош има во Вевчани, просечно по 8 интервенции на секој жител годишно. Здравствениот центар кој покрива околу 2.300 жители, годишно има речиси 19.000 интервенции.

Следат Охрид, Кратово, Велес, Штип и Кавадарци. Спротивно, најмалку интервенции на брзата помош, во однос на бројот на жители, има во Македонски Брод, Тетово, Делчево и Македонска Каменица.Ниту еден здравствен центар нема евиденција колку вкупно телефонски повици добива со барање за итна помош. Се знае само на колку повици одат. Оттука, не може да се дојде до можеби клучната бројка – на колку од повиците со барање за брза помош всушност доаѓа екипа, посочуваат од ЦГК. (dw)

  

Најново

Денко МАЛЕСКИ: Средба со британскиот министер Даглас Херд во седиштето на НАТО

Sase Ivanovski

На Клиниката за онкологија по осум години ставен е во функција линеарниот акцелератор

Sase Ivanovski

САД се заканиле со исклучување на Украина од Старлинк ако не прифати договор за минералните ресурси

Sase Ivanovski

Украле картичка, купилe грепка и добилe на лотарија

Sase Ivanovski

Американски полковник: Односите со Русија се важни за Америка, Зеленски е небитен

Sase Ivanovski

Измамена жена од Пробиштип, на нејзино име подигнати два кредити

Sase Ivanovski

Снегот го затвора превозот на Босфор, откажани некои летови од Истанбул

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Протест во Софија, гори вратата од зградата на ЕК има и повредени

Sase Ivanovski

САД вршат притисок врз Украина, голем проблем со потпишувањето на договорот за минерали

Sase Ivanovski

Фицо: Русија го прекрши меѓународното право, но имаше сериозни причини за тоа

Sase Ivanovski

Хамас во новата размена ослободи шест израелски заложници

Sase Ivanovski

Средба на поранешниот претседател Пендаровски со Веселенскиот Патријарх г. Вартоломеј Први Цариградски

Sase Ivanovski

Сириец осомничен за напад со нож кај Меморијалот на холокаустот во Берлин

Sase Ivanovski

Во Рим откриена работилница за фалсификување слики од најпознатите светски уметници

Sase Ivanovski

Џамијата на Балиу во Елбасан прогласена за верски објект со најубава архитектура во светот за 2025

Sase Ivanovski

По 11 години работа во Германија, хирургот Златко Јаков се врати во болницата во Прилеп: Задоволство е да се работи со овој народ

Sase Ivanovski

Иван Мирчевски: Погледај го домот свој Зоране и симни ја пајажината од очите

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да излезе и да каже дали СДС смени курс и стана антиамериканска партија и дали спои зад навредите на Сашо Орданоски за претседателот Трамп?

Sase Ivanovski

СДСМ: Најавите за масовна партизација се потврда: ВЛЕН и ДПМНЕ државата ја третираат како партиски пашалак

Sase Ivanovski

Милошоски: Уште еден пример за крупна професионална грешка од страна на Коцевски, во соработка со неговата колешка Лиле Стефанова, затоа треба оставка од Коцевски

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС нека се освестат, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го трансформира здравството во сервис на граѓаните, конечно се реконструира КАРИЛ

Sase Ivanovski

Мицевски: Вториот јавен повик за финансиска поддршка на проекти за општините, ќе придонесе за унапредување на инфраструктурата на локално ниво, зголемување на економскиот раст и животниот стандард

Sase Ivanovski

Единствена Македонија: Двојни аршини на Канал 5: За Бачев забрана за гостување на телевизијата а за Ордановски – ништо

Sase Ivanovski

Мицкоски од Вашингтон: Македонија е верен сојузник на САД, направивме многу отстапки, Европа треба да биде принципиелна наместо…

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на пуленот на ДУИ немаат крај

Sase Ivanovski

МОЕПП: Демократската унија за интеграција не може да се согласи со фактот дека албанскиот народ им ги превзеде овластувањата да владеат со него, по 22 години последователни неуспеси, лошо управување и масовна корупција

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ, Петрушевски: Ако Филипче и СДС не го осудат говорот на омраза на Орданоски кон Трамп и САД тие даваат сигнал дека се согласуваат

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи, Тошковски: Финални технички подготовки на системите пред почеток на тест периодот за „One Stop Shop“ на граничниот премин Блаце, за брзо граѓаните ќе ја поминуваат границата побрзо и со една контрола

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: (ФОТО) Претрес во Тетово, пронајдена дрога, приведен дилер

Sase Ivanovski

Димитровски: Секој да придонесе во битката со (аеро)загадувањето

Sase Ivanovski

Бранко Азески Му ја пеел Бела Чао на гувернерот на најголемата кинеска провинција

Sase Ivanovski

МЖСПП: Државниот инспекторат за животна средина се врати во матичното министерството

Sase Ivanovski

Авганистанец позира со својот автобус направен по нарачка комбинирајќи труп од хеликоптер Мил Ми-8 и камион Камаз. (Авганистан, крајот на 1980-тите)

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Бојан Цветановски: Со локалната власт на ДПМНЕ и градоначалникот Борче Јовчески, прилепскиот спорт го допре дното

Sase Ivanovski

Тошковски: Финални технички подготовки на системите пред почеток на тест периодот за „One Stop Shop“ на граничниот премин Блаце, за брзо граѓаните ќе ја поминуваат границата побрзо и со една контрола

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Скандалозната одлука на Таравари за КАРИЛ: Загрозени животи и распад на здравствениот систем

Sase Ivanovski

БОЈАН ЦВЕТАНОСКИ, претседател на ЛК СДММ-Прилеп: БОРКО РИСТОВСКИ И ДПМНЕ ГИ ИЗЛАЖАА ПРИЛЕПСКИТЕ СПОРТИСТИ – ВРАТИТЕ НА УНИВЕРЗАЛНА САЛА ОСТАНАА ЗАТВОРЕНИ

Sase Ivanovski

Мицкоски: Ние сме целосно усогласени и ја поддржуваме политиката на Трамп

Sase Ivanovski

Џеј-Ди Венс: Преговараме за крај на војната, тоа не е попуштање пред Русите

Sase Ivanovski

Трамп: Зеленски не е многу важен за да биде дел од преговорите

Sase Ivanovski

Канада се противи на можното враќање на Русија во Г7

Sase Ivanovski

Во рускиот град, спомениците на паднатите војници сведочат за тригодишната години војна против Украина

Sase Ivanovski

Трамп го предупреди Илон Маск за изградбата на фабрика на Тесла во Индија: Тоа би било „многу неправедно“ кон американската администрација

Sase Ivanovski

Ројтерс: Русија испраќа дисиденти на принудно психијатриско лекување

Sase Ivanovski

Може ли Гаспром да стане нов сопственик на НИС?

Sase Ivanovski

ЕУ ги одложи новите правила за патување, пламнаа претсезонските аранжмани

Sase Ivanovski

Кога јајцата беа поскапи? Министерката за финансии тврди дека купува табла по иста цена како во време на СДСМ и ДУИ односно од минатиот Велигден

Sase Ivanovski

Мицкоски: По кратко и озбилно убедување 🤷‍♂️ од страна на Тимчо, Нело и Сашко се сложив вечерва слободното време да го поминеме гледајќи го НБА натпреварот помеѓу Washington Wizards и Milwaukee Bucks

Sase Ivanovski

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, се обрати на конференцијата на конзервативците

Sase Ivanovski

Поранешен разузнавач: КГБ го регрутирал Трамп во 1987 година, кодното име му е Краснов

Sase Ivanovski

ВЛЕН: Ако ДУИ сакаат ветинг, нека почнат од својот лидер Ахмети

Sase Ivanovski

„ВОЛОДИМИР ЌЕ ГО ПОТПИШЕ ДОГОВОРОТ“ Советникот на Трамп најави дека наскоро ќе се обнови партнерството Вашингтон-Киев

Sase Ivanovski

НЕ ПОСТОИ ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ 3.000 АЛБАНЦИ ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА Министерката за финансии ги демантираше изјавите на Меџити

Sase Ivanovski

„ЗЕЛЕНСКИ E НЕБИТЕН ВО ПРЕГОВОРИТЕ“ Трамп бил на чекор да ја повлече поддршката за Украина?

Sase Ivanovski

ПУТИН БРЗА ДА ПРОГЛАСИ ПОБЕДА? Се ближи тригодишнината од војната во Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЃОКОВИЌ КУЦА, ГИ ПОВРЕДИ ЛИ ПАК ЛИГАМЕНТИТЕ? Можното пензионирање станува главна тема за тенисерот

Sase Ivanovski

Трамп го отпушти највисокиот американски воен функционер, а најави чистка на уште пет високи функционери

Sase Ivanovski

Со секира скршиле стакло oд кафуле и го запалиле: обвинение против три лица за намерно предизвикување пожар во Кисела Вода

Sase Ivanovski

Маж е тешко повреден во напад со нож кај споменикот на Холокаустот во Берлин

Sase Ivanovski

Без вода дел од општина Карпош

Sase Ivanovski

Студено утро, преку ден сончево со мала облачност

Sase Ivanovski

Првите казни за „Безбеден град“ од 2026 година

Sase Ivanovski

Мицкоски во Вашингтон: Целосно сме усогласени и ги поддржуваме политиките на Трамп

Sase Ivanovski

Мисајловски за обновата на Украина: Колку можеме – ќе помогнеме

Sase Ivanovski

Агенцијата Асошиејтед прес поднесе тужба откако Трамп ја набрка зашто не пишува „Американски Залив“

Sase Ivanovski

Само Мицкоски му аплаудирал на Венс во Минхен: Тоа беше инспиративен говор

Sase Ivanovski

Грците најавија голем штрајк, ништо нема да работи

Sase Ivanovski

Претседателот на Судскиот совет Камбовски: Институциите треба да се унапредуваат, не да се распуштаат

Sase Ivanovski

Воен аналитичар: Трамп е подготвен да му даде на Путин сè што ќе посака

Sase Ivanovski

Трамп постави бизнисмен со српско потекло на чело на државната банка за поддршка на извозот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Фицо се сретна со Илон Маск во Вашингтон, дома илјадници луѓе му порачаа таму и да остане

Sase Ivanovski

Денко Малески: Средба со британскиот министер Даглас Херд во седиштето на НАТО

Sase Ivanovski

НБА: Суспензија од 25 натпревари за Портис поради позитивен допинг тест

Sase Ivanovski

Суперкомпјутер ги пресмета шансите на екипите за освојување на Лигата на шампионите

Sase Ivanovski

Продавачи за скопска фирма во Куманово задржале 8.000 евра од прометот

Sase Ivanovski

Аргентинскиот претседател се соочува со истрага за корупција за „криптогат“.

Sase Ivanovski

Министрите за одбрана на ЕУ ќе одржат итен состанок за Украина

Sase Ivanovski

Саботер од Украина работел за Русија во Полска, доби осум години затвор

Sase Ivanovski

Јончевски: Во второто полувреме промашивме многу отворени шутеви

Sase Ivanovski

Насловната на утрешен „Шпигел“: „Предаден – денес Зеленски, утре ние?“

Sase Ivanovski
Вчитувам....