„Не е тајна дека ставовите на унгарскиот премиер, дел од кои се дури и провоцирачки, не помагаат оваа соработка да се одвива толку добро како во минатото“, додаде тој. Орбан неделава дополнително ги разгневи соседите носејќи навивачки шал со карта на Голема Унгарија, опфаќајќи делови од Украина, Австрија, Словачка, Романија, Хрватска и Србија. Фијала кажа дека за тоа ќе се разговара на самитот во Кошице. Полска исто така сè повеќе го критикува Орбан поради неговите ставови за Украина. Полскиот премиер Матеуш Моравјецки ја критикуваше денес Унгарија за тоа што не го ратификува влегувањето на Шведска и Финска во НАТО.
„Ќе му кажам (на Орбан) директно дека пристапувањето на Финска и Шведска за Полска е една од најважните промени во меѓународното право“, кажа тој. Унгарија и Турција го немаат одобрено влегувањето на двете земји во западниот воен пакт од 30 сојузници. И покрај таквите тензии, Вишеградската група и понатаму останува важен форум во ЕУ, кажа полскиот премиер. „Не можеме да дозволиме Вишеградската група да се распадне. Тоа е структура која ги штити интересите на нашите земји од другите интересни групи од Западна Европа“, кажа Моравјецки.