Во пожар кој прво зафатил едно возило, а потоа се проширил и на околните, рано утрово изгореле четири автомобили на паркинг во скопската населба Аеродром, соопшти МВР. „Денеска (07.10.2024) во 03.58 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром во Скопје настанал пожар во патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.Д.(38) од Скопје.
Од пожарот биле зафатени и патничко возило „цитроен“, сопственост на К.М.(33), патничко возило „мерцедес“, сопственост на Г.М.(47) и патничко возило „опел астра“, сопственост на И.И.(63), сите од Скопје“, велат од полицијата.