Шварценегер се сретнал со членовите на семејствата на израелските заложници кои сè уште ги држат во Газа и им подари статуи од бронзени орли. По средбата Шварценегер изјави дека сака да шири мир, бидејќи е помоќен од омразата и гневот.
Ела Шани (14) е меѓу преживеаните кои отпатувале од Израел до Санта Моника за да го запознаат Арнолд Шварценегер.Таа раскажа како нејзиниот татко бил убиен од членовите на Хамас во Кибуц Бера на 7 октомври и како бил киднапиран нејзиниот 16-годишен братучед Амит Шани. Средбата ја организираше Музејот на толеранција во Ерусалим, со кој Арнолд Шварценегер е партнер со години.