Освен неа, во Украина ќе дојдат и италијанската премиерка Џорџа Мелони, белгискиот премиер Александар Де Кроа и канадскиот премиер Џастин Трудо.Лајен во објава на платформата Х напиша дека Европската унија цврсто стои покрај Украина додека, како што наведе, таа земја конечно не се ослободи.
„Во Киев на одбележување на двегодишнината од руската војна против Украина. И во чест на извонредниот отпор на украинскиот народ. Повеќе од кога било, ние цврсто стоиме со Украина. Финансиски, економски, воено, морално. Додека земјата конечно не е слободна“, изјави Фон дер Лајен.
По повод двегодишнината од војната, во Киев престојува и италијанскиот премиер Џорџија Мелони, која како претседавач на групата Г7 ќе одржи видео-конференција на Г7 на која ќе зборува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува Анса.Мелони пристигна во главниот град со истиот воз како претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, белгискиот премиер Александар Де Кроа, кој е ротирачки претседател на Советот на ЕУ и канадскиот премиер Џастин Трудо, а од безбедносни причини дури сега беше објавено дека пристигнале во Киев, наведува италијанската агенција.