Шефот на турската дипломатија, Хакан Фидан, денеска изјави дека „да не беше безусловната поддршка за Израел од некои западни земји, особено од САД, немаше да биде возможно да се започне или продолжи геноцидот што го изврши Израел во регионот“ јави Си-Ен-Ен – Турк.
„Иако меѓународната заедница бавно ја признава палестинската држава, сега има попозитивна атмосфера“, истакна Фидан, цитиран од агенцијата Анадолија