Македонија денеска го живее еден од најтешките денови во својата историја откако во пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани животот го загубија засега потврдени над 50 лице, но се стравува дека бројката ќе биде и поголема поради големиот број повредени.
Помеѓу загинатите беше и 25-годишниот фудбалер на Шкупи, Андреј Лазаров. Од редовите на Шкупи ја потврдија тажната вест и информираа дека Лазаров починал така што се задушил од чадот додека помагал на останатите присутни. „Лазаров го загуби животот обидувајќи се да им помогне на другите да се спасат од просторот зафатен од пожар. Тој се задуши од чадот за време на неговите обиди да спаси животи, покажувајќи храброст и хуманост до последниот момент“, стои меѓу другото во објавата на Шкупи.