Новак Ѓоковиќ го освои завршниот тениски турнир во Торино. Тој во финалето го победи Норвежанецот Каспер Руд – 7:5, 6:3. Србинот по 6-ти пат го освои завршниот турнир повторувајќи го рекордот на Роџер Федерер. Покрај тоа, Ѓоковиќ стана и најстариот шампион, откако ја освои титулата на 35-годишна возраст. Победникот остана непоразен на турнирот, заработувајќи 4,74 милиони долари во парична награда.