ЃОРЃИЕВСКИ: Во заедничка акција со раководството на Централна Кооперативна Банка, засадивме дрвца во паркот во 11 Октомври Бараки и поставивме нова урбана опрема
Со новата урбана опрема во овој парк, се обезбедува удобна и пријатна средина за сите граѓани кои тука можат да одмараат и да се рекреираат.
Дополнувањето на зеленилото и содржините во оваа нова локација за одмор и рекреација придонесуваат кон зголемување на естетскиот и еколошкиот аспект, но и кон креирање на удобно место за одмор на нашите граѓани, кои, се надевам често ќе го посетуваат во своето слободно време.
Нашата јасна визија и ангажман за зголемување на зелените површини и урбаната опрема во општина Кисела Вода е евидентна преку изградбата на 15-тина паркови и спортско-рекреативни центри во овие 2.5 години и ова е нешто што ќе продолжи да се случува со зголемена динамика на работа.
Сакам да се заблагодарам на Централна Кооперативна Банка за нивниот придонес кон унапредувањето на квалитетот на живот на нашите жители.
Се надевам дека оваа соработка, како чин на општествена одговорност ќе биде инспирација и за останатите деловни субјекти и дека ваквиот начин на вложување во развојот на општината, во иднина. ќе стане стандард за соработка помеѓу јавниот и приватниот сектор.