21.8 C
Скопје
29/04/2025 12:31
МАКТЕЛ

     

Јавна експертска дебата за потребата од Закон за Уставниот суд

      

Во продолжение на јавната дискусија организирана од Уставниот суд со поддршка на Европската Унија, се одржа експертска дебата за потребата од носење на Закон за Уставниот суд. Претседателката на Република Северна Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова, и претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, останаа присутни до крајот на експертската расправа, што ја потврди важноста на отворањето на ова значајно прашање. Присутни беа и студенти од правните факултети.  Карстен Манке, тим лидер на проектот, нагласи:
– „Целта на проектот е да понуди експертска анализа за постоечката уставна рамка и да идентификува можности за нејзино унапредување. Анализата не дава финални заклучоци, туку нуди основа за понатамошна јавна и стручна дебата, имајќи ги предвид европските компаративни искуства и препораките на меѓународните тела како Венецијанската комисија.“

Мартин Сопронов, виш правен експерт на проектот:
– „Во суштина, анализата дава осврт за и против Актот на Уставниот суд и за и против посебен Закон за Уставниот суд. Тоа го прави преку компаративни примери и пракса, како и преку мислењата на релевантните меѓународни организации, во прв ред – Венецијанската комисија. Врз основа на наоѓањата од двата модела, понудени се препораки и заклучоци кои даваат насока како би можеле да се решат предизвиците што се однесуваат на нормативното уредување на материјата поврзана со Уставниот суд, притоа оставајќи му на Уставниот суд и на останатите засегнати страни да одлучат кои од понудените решенија ќе бидат прифатени.“

   

Маргарита Цаца Николовска, поранешна судијка на ЕСЧП и виша правна експертка на проектот:
– „Експертската група не дава решение на проблемот, туку само ги детектираше елементите, одговарајќи на прашањето дали е потребен закон за Уставниот суд или не, имајќи ги предвид не само искуствата од дел од европските држави, туку и идејата да се обезбеди поголема независност во работењето на Уставниот суд преку примена и толкување на уставните одредби.“

Проф. д-р Ана Павловска-Данева, судијка на Уставниот суд:
– „Во долготрајниот процес на исчекување да се создадат правни основи за донесување Закон за Уставниот суд, најпрво да пробаме да се реформираме самите себеси во рамките на дозволеното со постојната правна регулатива, а уште повеќе да помогнеме кон подигање на политичката култура и правната традиција кај оние кои треба да го донесат законот и да го изменат Уставот – извршната власт и Собранието. Тоа може да го постигнеме само под силен притисок и мониторинг на јавноста, врз работењето како на Уставниот суд, така и на Владата и Собранието.“

Татјана Васиќ-Бозаџиева, судијка на Уставниот суд:
– „Не се реформира институција со носење закон. Закон е алатка, не е цел сама за себе. Само стабилни институции создаваат стабилна држава. Заштитата на институционалната независност на Уставниот суд мора да биде врвен приоритет, а секој чекор во правец на негово регулирање преку закон треба да биде добро промислен, внимателно подготвен и условен со постоење на широка политичка и стручна согласност.“

Проф. д-р Осман Кадриу, судија на Уставниот суд (писмено излагање):
– „Од прашањата кои, според моето мислење, треба да бидат законска материја, би ги издвоил следните: финансиската независност на Судот, уредувањето на постапката за заштита на човековите права пред Уставниот суд, регулирањето на можноста или неможноста за поништување на конкретни правни прописи, особено закони кои престанале да важат пред поведување уставна постапка, како и статусните прашања на судиите на Уставниот суд за време на вршењето на функцијата.“

Проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска:
– „Добро е што Уставниот суд конечно се отвори за експертската јавност. Инсистирам на имплементација на европските стандарди, содржани во препораките на Венецијанската комисија, поврзани со владеењето на правото и уставната правда, бидејќи само на тој начин македонскиот Уставен суд ќе биде визибилен, препознатлив на европската сцена и ќе биде гарантор на Уставот и на уставниот поредок во земјата. Уставна демократија е невозможна без уставна правда, а уставна правда е невозможна без реформиран Уставен суд кој ќе одговори на сите предизвици со кои се соочува државата.“

Проф. д-р Јетон Шасивари:
– „Според моето мислење, Актот на Судот има уставна вредност и улога на закон во материјална смисла (никако не е подзаконски акт, бидејќи има само уставен, а не и законски основ), и како таков ги обврзува сите три гранки на власта. Промената на оваа богата уставна традиција со донесување на закон за Судот би го довела Уставниот суд во „клинч-ситуација“ под влијание на законодавачот, кој е и политички орган на државната власт.“

Проф. д-р Денис Прешова:
– „Неопходна е потребата од ревидирање на уставната рамка посветена на уставното судство, со цел овозможување уставна основа за донесување посебен закон за Уставниот суд или, во најмала рака, законско регулирање на дел од прашањата поврзани со уставното судство, со цел исполнување на меѓународните стандарди и усогласување со компаративната уставно-судска пракса во Европа.“

Проф. д-р Рената Тренеска-Дескоска:
– „Јас сум категорично против носењето закон без уставни измени, бидејќи кога би се носел таков закон, во сегашната констелација, би бил закон којшто се носи со 40 гласа во Собранието. Сметам дека во идни уставни измени треба да се разговара за измена на уставната рамка во насока на проширување и прецизирање на неговата надлежност и создавање уставен основ за носење Закон за Уставниот суд, кој би се носел со дво-третинско мнозинство во Собранието.“

Дарко Аврамовски од Коалицијата „Сите за правично судење“:
– „Без разлика на тоа дали ќе биде уредуван со закон или со друг акт, важно е дека Уставниот суд треба подобро да биде интегриран во склоп на системот и во релација со другите институции, особено имајќи ги предвид прашањата за суверенитетот, за во иднина кога ќе влеземе во ЕУ, а во релација со Судот на правдата на Европската Унија.“

Бојан Трпевски од Македонското здружение на млади правници: – „Без разлика дали е со закон, со деловник или со измена на Уставот, она што е потребно за унапредување на конституционализмот во државата е конзистентен пристап во уставно-судската анализа, преку практиката на Судот, а пред сѐ низ призма на операционализирање на темелните вредности на уставниот поредок од членот 8 на Уставот.“

  

Најново

Кој врши контрола на противпожарните мерки во станбените згради?

Sase Ivanovski

САД градат ново мегаструктурно седиште во Либан на над 43 хектари како „Амбасада“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Првиот белоруски моторцикл…

Sase Ivanovski

Сите мислевме дека се само еден куп старци, но всушност тие беа генијални…

Sase Ivanovski

Сузана Костовска, медицинска сестра во Клиника Жан Митрев – 25 години на патот на иновациите и медицинските достигнувања

Sase Ivanovski

Почина Кирил Киркиновски, член на Општинската организација на СДСМ Чаир

Sase Ivanovski

Благодарница на градоначалникот за посебен придонес и соработка со ГШК Куманово

Sase Ivanovski

Лазаревска: Социјални станови се градат низ целата држава, а во Куманово ќе се градат три објекти за комерцијална продажба

Sase Ivanovski

Битиќи: Владата не враќа ДДВ, не исплаќа плати и енормно се задолжува кај домашните банки

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ до Бујар Османи: Единствениот свет во кој е ДУИ е светот на корупцијата!

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните гледаат дека Владата ги вложува сите сили, Македонија да се стави на брза трка за економски раст и развој, затоа над 60% ќе излезат на гласање ако утре има избори

Sase Ivanovski

СДСМ: И според Светска банка, Македонија ќе биде на дното во регионот по економски раст

Sase Ivanovski

СДСМ: Дали градоначалникот Стефковски се јавувал во МВР за ослободување на својот брат? 

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче, кој е воодушевен од Заев, сака власт за да ја имплементира неговата разработена шема – евро за Вицето?

Sase Ivanovski

Филипче: Владата работи спротивно на интересите на граѓаните, Радовиш е една од општините каде може да победиме

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Уставниот суд е најнереформираниот државен орган

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Без разлика дали јас ќе бидам кандидат, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите за градоначалник на Скопје

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски на дводневен Конгрес на Европската народна партија во Валенсија, Шпанија

Sase Ivanovski

🎉Триесет и три години од основањето на Првата детска амбасада во светот – Меѓаши (1992-2025)

Sase Ivanovski

Новиот папа ќе наследи и повеќемилионска дупка во финансиите на Ватикан

Sase Ivanovski

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Д-р Чадиковски: Првото дете ѝ беше оперирано од срце во понеделник, во вторник се породи со второ – само мајка може да издржи сè

Sase Ivanovski

Нуклеарната закана и шансите за договор: Каде се црвените линии на САД и Иран?

Sase Ivanovski

САД ќе го укинат бесплатниот азил за имигранти, аплицирањето може да чини 1.000 долари

Sase Ivanovski

Се нормализираше снабдувањето со струја во Шпанија

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Потребна е реформа на Уставниот суд

Sase Ivanovski

Марк Карни победи на изборите во Канада: Трамп никогаш нема да нѐ покори

Sase Ivanovski

Стејт департментот ја одобри продажбата на системот „Патриот“ на Романија

Sase Ivanovski

Американскиот мировен план за Украина – Компромис или капитулација пред Европа?

Sase Ivanovski

Администрацијата на Трамп спроведува истрага на „Харвард“

Sase Ivanovski

Пратениците ќе расправаат за интерпелацијата на Тошковски

Sase Ivanovski

Истрага против дилер на марихуана од Радовиш

Sase Ivanovski

Времето денеска сончево со максимална температура до 25 степени

Sase Ivanovski

Семејствата на настраданите во „Пулс“ денеска на протестен марш во Скопје

Sase Ivanovski

Тројца повредени во пожарот во Кочани се враќаат дома од Варна

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ужас во Нови Сад – возач на „БМВ“ покоси четворица тинејџери кои чекале автобус

Sase Ivanovski

8. ИЗДАНИЕ НА АНТЕВО СЛОВО 2025 – МЕЃУНАРОДЕН КОНКУРС ЗА ПОЕЗИЈА ВО СИЦИЛИЈА, ИТАЛИЈА

Sase Ivanovski

Денот во 60 секунди – Обраќање на министерот Тошковски со цел подигање на сообраќајната свест кај матурантите, со дигитални вештини до нови работни места, Царинската управа посветена на клучни реформи   

Sase Ivanovski

СДСМ: Откако беше фатен жив, Тошковски мораше да го признае скандалот со братот на Стефковски – треба да си даде оставка

Sase Ivanovski

Петрушевски: Утре во Собранието ќе се води битка меѓу чесноста и подмолноста,  на удар е Тошковски, човек, синоним за чест, правда

Sase Ivanovski

Филипче: Македонија годинава ќе биде со најнизок економски раст во регионот 

Sase Ivanovski

Запален автомобил „Ауди“ во Чаир

Sase Ivanovski

Беким Фетаи официјално е нов ректор на државниот универзитет „Мајка Тереза“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тошковски призна – полицијата казнила недолжен граѓанин наместо братот на градоначалникот Стефковски

Sase Ivanovski

Божиновска се пофали: Државата годинава наплатила повеќе од приватниците што ни ги екплоатираат рудните богатства

Sase Ivanovski

Шпанија прогласи вонредна состојба, Португалија се бори со хаос во транспортот поради масовниот прекин на електричната енергија

Sase Ivanovski

Украдено возило на АРМ кое било оставено кај автомеханичар

Sase Ivanovski

Откако најавија дека ке им дојдат во Скопје ОЈО ги кани на средба семејствата на настраданите во Кочани

Sase Ivanovski

Нека се држат до Уставот и нема да згрешат – порака на Сиљановска-Давкова до уставните судии во врска со Законот за јазиците

Sase Ivanovski

Кос: Мора да застанеме против автократиите – Кошта од Софија: Ќе работиме со Македонија за надминување на проблемот

Sase Ivanovski

В.д градоначалникот Крстевски им даде 30 дена период на угостителите да ги прилагодат летните тераси според законските прописи – Во спротива насилно рушење на објектите

Sase Ivanovski

Јован Насев од Гевгелија најдобар стрелец на турнир во Грција

Sase Ivanovski

РСБСП ја започна кампањата за матуранти: „На матурска вечер без автомобил!“

Sase Ivanovski

Шекеринска не верува оти американската војска ќе се повлече од Косово

Sase Ivanovski

Унгарската влада обвинета за нелегални субвенции за провладини медиуми

Sase Ivanovski

Денот на Европа ќе се одбележи преку солидарност – Сите заедно ќе трчаме за Кочани

Sase Ivanovski

Драмски театар не ја додели наградата „Горан Стефановски“, ќе се објави нов конкурс

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Сообраќајот во хаос, колапс на аеродромите: Нема струја во Шпанија и Португалија

Sase Ivanovski

Бугари бараат да и се одземе државјанството на нивната пејачка Василија, оти пеела на чествувањето на Јане Сандански во Мелник!

Sase Ivanovski

„Марш за ангелите“ утре во Скопје организираат родителите на настраданите во клубот „Пулс“ во Кочани

Sase Ivanovski

Обвинение за браќата кои во Арачиново поради наводен долг од 7.000 евра го убија таткото, а го ранија синот

Sase Ivanovski

ВРЕДИ: ДУИ не сака да оди само на локални избори, уплашени се!

Sase Ivanovski

Уставниот суд – нејнереформираната институција во државата во изминатите 34 години

Sase Ivanovski

Свлечиште сруши дел од патот среде Галичник

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кузеска: Братот на градоначалникот Стефковски лета по улиците, за него не важат законите

Sase Ivanovski

Ивановска: Димитровска мора веднаш да поднесе оставка, само така ќе се обнови кредибилитетот на ДКСК

Sase Ivanovski

Ако трговците пак ги зголемат цените ќе ја ограничиме маржата за скоро сите производи, најави Дурмиши

Sase Ivanovski

Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ на наредните локални избори ќе има убедлив историски триумф наспроти целата опозиција заедно

Sase Ivanovski

Тимот на Македонецот Дамјан „Киксан“ Стоилковски освои второ место на турнирот во „Кантер страјк“ во Мелбурн

Sase Ivanovski

Познатата игра „Обливион“ доби ремастерирана верзија

Sase Ivanovski

Сто дена Трамп 2.0 – „Америка на прво место“ го менува светскиот поредок

Sase Ivanovski

Според Трамп, Зеленски е подготвен да се откаже од Крим

Sase Ivanovski

Од Северна Кореја потврдија дека испратиле војници да се борат за Русија во војната во Украина

Sase Ivanovski

Дезинформаторски телеграм-канал на македонски – дел од руската мрежа „Правда“

Sase Ivanovski

Семејствата на жртвите во Кочани утре на протестен марш во Скопје

Sase Ivanovski

Двајца браќа осомничени за убиство и обид за убиство на подмолен начин на татко и син

Sase Ivanovski

Скопскиот аеродром од мај добива директни летови до Барселона и Лион

Sase Ivanovski

Европска недела на имунизација: Високата покриеност со вакцинација спречува епидемии

Sase Ivanovski

Бензините и дизел горивото поскапуваат за 2 денари

Sase Ivanovski

УСС при УКИМ и Студентското пленумско движење утре ќе го поддржат „Маршот за ангелите“

Sase Ivanovski

На 25 мај хуманитарна трка за погодените од трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski
Вчитувам....