Комисијата за европски прашања во петок, 8 ноември 2024 година, со почеток во 14:30 часот, во Сала „Борис Трајковски“ во зградата на Собранието, ќе ја одржи третата седница. На оваа седница ќе биде презентирана Реформската агенда на Владата (2024 – 2027), која се однесува на Планот за раст на Европската комисија.
Реформската агенда ги истакнува заложбите на државата за успешно спроведување на реформите неопходни за подобрување на стандардите во областите како владеење на правото, реформа на администрацијата и енергетската транзиција. На седницата обраќања пред пратениците ќе имаат:
- Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Силјаноска – Давкова
- Амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас
- Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани.
Со седницата ќе претседава потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски. * Се покануваат новинари, камермани и фоторепортери да го одбележат настанот