Во врска со проширувањето на актуелните надлежности на претседателот Јакимовски кажа:

   

– Чудно е претседателот да назначува директор на Агенцијата за разузнавање и началник на Генералштаб, но не и на Гувернер на НБРМ, истакна Јакимовски кој нагласи дека така ќе се постигне поголема независност, а по истиот принцип претседателот би требало да назначува, не да предлага и членови на Судскиот совет и Уставниот суд.Јакимовски нагласи дека е против уставни измени со цел внесување на Бугарите во Уставот на Република Македонија.

 

– Силата на претседателот мора да извира од граѓаните, а не од партиско-политички пазарења. Функцијата претседател мора да биде стабилна и да не падне дури и кога паѓаат владите, а не кога ќе падне Владата, да падне и Претседателот, истакна Јакимовски во врска со предлогот за бирање на претседателот на државето во Собранието.