На сите им е јасно дека ќе има нови избори. Сите партии се однесуваат како да се во предизборна кампања. Ова е последен обид од моја страна до понеделник да имаме помудра политичка класа, рече лидерот на бугарската партија ГЕРБ, Бојко Борисов, додавајќи дека следи борба меѓу властитеи и политичка криза во земјата.„Бугарија е веќе во состојба во која не се зборува за перспектива, стабилност, безбедност и цели“.Вака изјави лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов на почетокот на Националната конференција на партијата.
– Вчера потпретседателката рече дека изборот на овој парламент е нелегитимен. Тоа значи дека според претседателската институција сите одлуки што се носат се нелегитимни. Тогаш зошто ние се собираме во понеделник да дадеме заклетва, зошто е даден овој ден и време?Борисов рече и дека надлежност на претседателот е да го свика Уставниот суд и да ги откаже изборите, а не да ги продолжи овие игри со делумните откажувања.
– На сите им е јасно дека ќе има нови избори. Сите партии се однесуваат како да се во предизборна кампања. Ова е последен обид од моја страна до понеделник да имаме помудра политичка класа – рече Борисов.Тој ја повика потпретседателката Илијана Јотова да се извини за вчерашниот коментар дека изборите за 51. Народно собрание биле нелегитимни, или претседателот Радев да го повлече указот.
– Тоа значи борба меѓу властите – рече Борисов, а со тоа и уште потешка политичка криза.Тој изјави дека верува оти води легитимно избрана партија.– Не се откажуваме од позицијата претседател на Народното собрание, бидејќи тоа е заслужено место за нашата партија – рече и Борисов.По вонредните парламентарни избори на 27 октомври, ГЕРБ-СДС повторно е прва политичка сила и ќе има 69 пратеници во 51-от парламент. По гласањето, лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов изјави дека ќе вложи максимални напори за редовна влада со целосен мандат.