Јавното претпријатие Комунална хигиена – Скопје продолжува со интензивирање на активностите за одржување на чистотата и хигиената во градот. Како и досега активностите продолжуваат и во наредниот период.Претпријатието ќе спроведе значајна акција за миење на контејнерите за отпад и на локациите каде што се поставени истите. Оваа акција ќе опфати детално чистење на контејнерите, како и на околното подрачје, со цел да се задржи високо ниво на хигиена и да се подобри изгледот на јавните површини. Покрај тоа, екипите на ЈП Комунална хигиена –Скопје вршат и активност за рачно и машинско миење на улиците и булеварите низ сите општини на градот.
Овие активности ќе се реализираат со помош на специјализирани автоцистерни кои ќе се користат за ефикасно чистење на асфалтот и останатите јавни површини. Акцијата ќе се спроведува етапно и редоследно со цел да се постигне максимална покриеност и квалитет на изведување на работите. Сите активности за одржување на хигиената на јавните површини се спроведуват согласно Оперативниот план за одржување на јавната чистота на градот Скопје. Целта е да се обезбеди чиста и уредна средина и да се подобри квалитетот на живот на граѓаните.