Македонските винарии го освојуваат светот. И оваа година повторно со поддршка на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство 12 винарии ја претставуваат Македонија на Bellavita саемот во Чикаго. Историјата и традицијата на винарството во нашата земја, во спој со современите методи создаваат уникатно искуство и врвен квалитет со секоја капка македонско вино.