Смртта на момчето се случила вчера доцна попладнето по 18 часот, откако од утрото тоа било примено во болницата со многу висока температура и треска.Обдукцијата покажа дека за смртта кај 24-годишното момче Симеон Т. од битолското село Цапари, кое вчера почина во битолската болница нема лекарска грешка и дека причината е десеминирана интраваскуларна коагулација.
„Наодот од обдукцијата покажа дека причината за смртта кај младиот пациент е ДИК или десеминирана интраваскуларна коагулација. Тоа е брзо трошење на факторите на згрутчување на крвта и доведува до неконтролирано крварење на многу органи и системи во организмот, а резултира со прогресивно создавање тромбози и микротромбози кај сите органи. Сето ова е предизвикано од тежок инфект кај детето. Обдукцијата покажа дека нема лекарска грешка“, изјавила д-р Елизабета Ивановска, директорка на Битолската болница за „Независен“.