-Како што најавив во Владата, институциите да не се изненадат што без најавување ќе ги проверувам вршителите на работите и обврските што ги имаат. Општ впечаток е дека недостига организација во извршувањето на задачите на дневна основа и релевантната институција во однос на организацијата ќе треба да се потруди примањето на документите да се одвива во една форма и обезбедувањето на готови документи во друга форма и луѓето чекаат да бидат информирани. Да бидат организирани посебно. Да не бидат сите на едно место. Тие мора да бидат одвоени – тие што треба да ги поднесат барањата да бидат на едно место, а оние што треба да ги примаат готовите документи да бидат на друго место. Не смее да биде вака, да има гужви. Мора да се комуницира со граѓаните, рече тој.
Потенцира дека не е во негова надлежност да бара одговорност од вработените во СВР Тетово, туку ќе побара од министрите и замениците министри кои, како што рече, се надлежни за нивната работа.
-Не е моја надлежност да барам одговорност од нив. Ова е работа на надзор над работата на одговорните пред мене, а пред мене поднесуваат одговорност министрите и замениците министри и на нив ќе им се каже она што го најавив дека ова е начин на контролирањето, вршењето надзор над работата на оние кои треба да им поднесуваат одговорност на нив, рече Џафери.