Кампањата против Албанците, што ја најави самиот премиер Христијан Мицкоски, велејќи дека „ќе ги фатиме за уши“ и ќе ги испратиме во затвор, сега ја спроведуваат во пракса Обвинителството и Министерството за внатрешни работи, обвинија од Алијанса за Албанците. „Неправедните, неосновани и чисто етнички мотивирани апсења, злоупотребувајќи ја кочанската трагедија, имаат две цели: – Да се сокријат вистинските одговорни, почнувајќи од премиерот, министерот за внатрешни работи и актуелните раководители на надлежните, локални и централни органи. – Да се заплашуваат Албанците, да се угнетуваат Албанците и да се предизвикуваат револт и меѓуетнички тензии, со цел дефокусирање од реалните проблеми и одговорности.
Алијансата за Албанците, која во првите моменти изрази сочувство и ја сочуствуваме болката со семејствата на жртвите во трагедијата во Кочан. Нѐ интересира правда и одговорност, целосно расветлување на случајот и казнување на вистинските виновници за семејствата да добијат барем правна сатисфакција. Веруваме дека неправдата, апсењата и обвинувањата против лица кои не се одговорни за овој случај, како и политичката и етничката злоупотреба на овој случај, се исто така неправди и против самите жртви и нивните семејства, кои најмногу очекуваат правда, а не злоупотреба на нивната болка.
Ги покануваме раководителите на Владата, Обвинителството и судовите да ја запрат оваа кампања која никому не му користи, туку им штети на сите, без исклучок, и на оние кои бараат правда и на оние на кои денес им се нанесува неправда преку неосновани обвинувања и апсења“, се вели во соопштението на Алијанса за Албанците.