Тој вели дека овие избори не се само избор на одредена партија или на кандидат, туку се избор за тоа каква држава сакаме да бидеме. „Дали ќе избереме земја во која владеат интегритетот, знаењето и колективниот напредок? Патот до изборот не е лесен. Се соочуваме со противници кои нема да застанат пред ништо и никого за да ја задржат својата моќ. Моќ на која се навикнати. Моќ која носи прогрес само за нив. Моќ за поединци. Тие посегнуваат кон незаконски дејствија, купување гласови, страв и заплашување за да ја задушат волјата на народот. Но, АВАЈА кажува ДОСТА Е! Ромите велат ДОСТА Е!“, рече Кариман.
Според него, доста е со стариот начин на политика, каде корупцијата, измамите на народот и сопствениот интерес се прифатена норма. Доста е со валканите трикови и прикриени тактики дизајнирани да го замолчат несогласувањето со нивните одлуки и начин на работа. Доста е со потиснување на демократијата.
Ќемал Сулејманов, кандидат за пратеник од Изборна единица 3, во своето обраќање пред струмичани рече дека имал успешна кампања во која посетил многу куќи, но сепак не му било тешко бидејќи запознал интелигентни и добри Роми. „Потврдив дека на местата каде што живеат нашите Роми има нула инвестиции. И затоа време е да кажеме Доста е. Аваја ќе ги смени сите работи“, рече Сулејманов, кој упати порака до другите политички партии: „кога некој од вашите претставници ќе дојде во ова маало и ќе каже дека ова маало е негово, тоа не е точно, затоа што ова е мое маало“. |