„Неопходно е да се спречат „руските шпионски мрежи“ да и се закануваат на Австрија „со инфилтрирање или искористување на политички партии или мрежи“, соопшти денеска Нехамер од конзервативната Австриска народна партија.
Поранешен вработен во сега распуштената Федерална служба за државна заштита и контратероризам (БВТ) беше приведен под обвинение за злоупотреба на службената положба и тајни разузнавачки активности на штета на Австрија.Јавното обвинителство во Виена вчера побара притвор. Не е соопштено за која земја лицето можеби шпионирало.