Автокампот Рино во Струга е надобро рангираниот во Македонија, покажува страницата Кампинг.инфо, која анализирала повеќе од 20.000 места за кампување ширум Европа. Кампот е оценет со 4,8, што значи дека е многу добар, а цените за ноќевање почнуваат од 20 евра, наведува страницата.
Оценката добар, односно 3,9, ја добил автокампот Љубаништа на Охридското Езеро, додека со 3,2 е оценет Рок Ленд кај Демир Капија, каде ноќевањето чини од 15 евра. Скопскиот камп Белви добил оценка од 2,8, а се наведува дека ноќевањето тука ќе ве чини најмалку 25 евра. Најниско оценет е автокампот АС кај Струга со 2,7 и со цена за ноќевање која почнува од 20,7 евра. Дел од овие кампови веќе се отворени, но за некои сезоната сè уште не е почната. Според оваа специјализирана страница, во Македонија има 14 кампови, но само овие неколку се повисоко оценети.
View this post on Instagram