28 февруари 2025 #🇲🇰 Автомобилите во Македонија се најмалку за 20 проценти поскапи од оние кои се продаваат во регионот, а причината е што покрај царината и ДДВ, плаќаме и акциза, која во некои категории е поскапа и од висината на данокот на додадена вредност. Згора на тоа, во земјава се плаќа и акциза од 50 отсто при увозот на хибридни возила, а граѓаните сè уште немаат државни субвенции за купување нови возила, без разлика дали се бензински, дизел или електрични.
Импортерите на нови возила со кои разговараше „Слободен печат“, брифираат дека само Данска има поскапи давачки од нашите. Тие велат дека со децении се борат со државата да се укине акцизата, бидејќи автомобилите не се стока која се шверцува, бидејќи како што секој граѓанин има свој матичен број, така и секое возило има број на шасијата.
View this post on Instagram