Ова се случува неколку часа пред светските лидери, вклучително и украинскиот претседател Зеленски и американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, да пристигнат во градот на безбедносната конференција во Минхен. Автомобил удри група луѓе во Минхен, при што повреди најмалку 20 лица, неколку се во критична состојба, пишува Би-би-си. Возачот е приведен на местото на настанот и не претставува никаква понатамошна опасност, соопшти локалната полиција. Голема операција е во тек во областа Дахауер Штрасе, во близина на централната железничка станица во германскиот град.
Инцидентот се случил на местото на митинг поврзан со транспортниот синдикат Верди, пишуваат локалните медиуми. Ова се случува неколку часа пред светските лидери, вклучително и украинскиот претседател Зеленски и американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, да пристигнат во градот на безбедносната конференција во Минхен, што ќе се одржи во утре. Инцидентот се случил на околу 1,5 километар од местото на безбедносната конференција. Извор: Новинска агенција МЕТА