„Не можеме да го гарантираме вашиот пат кон ЕУ зашто не сме членка на Унијата“, вели американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер. Сепак, таа рече дека силната поддршка за интеграцијата на Македонија во ЕУ останува. „Мислам дека за тоа се водат и се воделе разговори со високите претставници на ЕУ, но мило ми е што премиерот и членовите на неговиот Кабинет се во Вашингтон.
Фактот што тој е неколкупати таму откако ја презеде неговата позиција како премиер, исто како и многу други министри, само зборува за близината на нашите односи и на многу начини покажува дека ние, како САД и Северна Македонија, билатерално може да соработуваме. Очекувам дека таа соработка да биде зајакната“, рече Агелер на примопредавањето на мобилно оперативно возило на Црвениот крст.