Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги најостро ги осудува експлицитните закани упатени кон новинарката на ТВ „Алсат-М“, Рита Бехадини, од страна на физичко лице на социјалната мрежа „Фејсбук“.
Се наведува дека е неопходно новинарите и медиумските работници да си ја вршат својата работа непречено, без какви било заплашувања и притисоци.
Заканите за живот, вклучително и оние на социјалните мрежи, претставуваат кривично дело и надлежните органи треба да дејствуваат во насока на брзо разрешување на случајот и изрекување соодветни санкции.