Полиграфското тестирање ќе се применува како задолжителен чекор во процесот на селектирање лица за вработување, во постапките за проверка на професионалниот интегритет на вработените, при вршење на безбедносни проверки за кои е надлежна Агенцијата, како и во сите други случаи во согласност со Законот за Агенција за национална безбедност.
Законската обврска за примена на полиграфско тестирање е предвидена со основањето на Агенцијата во 2019 година, но поради неспроведување на истата во претходните пет години, негативните реакции и критиките од страна на стручната јавност не изостануваа, велат од АНБ.
Директорот на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски во јавните излагања даде ветување дека со сигурност настапува период на исполнување на неспроведената законска обврска, со цел постигнување највисоки стандарди на интегритет, доверба и професионалност во работењето.
View this post on Instagram