Канал 5 ТВ дојде до известувањето издадено од АХВ а упатено до сите државни инспектори и официјални ветеринари кои контролираат храна во кое се наредува проверка на пратките на вода од Косово независно од кој производител. Во известувањето потпишано од директорот на АХВ се вели: „Ве известуваме дека по добиен лабораториски наод од Факултет за ветеринарна медицина на Македонија со лабораториски резултат број 2025/2/113 за пратка Природна изворска вода Ругове од 1,5 литра во количина од 22,338 кг, со потекло од УЈ Рутове, Косово, наменета за оператор со храна Даути Комерц од Скопје е утврдено присуство на колиформни бактерии кој не е во согласност со Правилникот за посебните барања забезбедност на природна минерална вода, изворска вода и друга пакувана вода (,Службен весник на РМ“ бр. 184/20218). Лабораторискиот наод е извршен со акредитиран методISO/IEC/17025:2018 под број ЛТ-006. Производител на пратката e УJ Рyтове, Косово.“
Па се наредува: „Врз основа на тоа, а согласно член 88 од Законот за безбедност на храна, потребно е од наредните десет пратки со природна изворска вода од увоз кои потекнуваат од Косово независно од кој производител е и за кој оператор е наменета пратката, да се земаат лабораториски мостри за испитување на микроорганизми согласно Правилникот за посебните барања кои се однесуваат на микробиолошките критериуми за храната.Трошоците за извршените анализи се на товар на операторот со храна-увозникот.„