До судиите од Граѓанскиот суд во Скопје нема пристап како до сега, раскажуваат адвокати, откако на спратовите на скопска двојка се поставени читачи и картички, со кои единствено може да се отвори вратата и да се дојде до судиите.
-Нема објаснување дали оваа нова „мода’ на контролиран влез е поради безбедност на судиите или некој сака да го ограничи пристапот до судиите и строго да контролира кој со кого комуницира – потенцираат адвокати, објаснувајќи дека треба да одат кај судската полиција за да ги најави, па ако им биде одоврен влез ќе може да добијат картичка и да влезат кај судиите.
-Судот е на три ката без лифт. Имаме судење на трети или на втори, во судници, а кај некои судии некогаш и во канцеларии. Се појавува потреба за консултација со судијата за датум за судење, за подигање докази или доставување некакви известување. Сега јас, од трети треба да се симнам до приземје кај судската полиција, да барам прием и пак да се качам до трети спрати. Што ако треба тоа да го направам неколку пати во денот. Размислува ли некој дека и меѓу адвокатите има луѓе со здравствени проблеми, кои едвај и вака се качуваат по стрмните скали на судот, а вака? Никој не го интересираат ивалидизирани луѓе и ние кои сме во поодминати години – вели адвокатка која застапува предмети пред граѓанскиот суд.
Нема информација дали судиите се заклучени и нема пристап до нивните канцеларии затоа што некој од судиите реагирал и барал заштита или тоа е одлука на новото раководство кое сега неформално го сочинувале тројца судии кои сами си го зеле „управувањето“ и на своја рака раководат со судот.
Стечајната судијка Ирена Антоска (екс Петрушевска или Миладиноска по најново), нејзиниот шеф Артан Лимани и граѓанската судијка Софија Мудинова Миленкова биле тројцата самоинаугурирани шефови кои дрмале со судот.
Сите тие зад себе ги потенцирале своите врски (Ирена партнерството со Сретен Миладиноски), Софија Мудинова сватовската линија со професорката Родна Живковска, а Лимани ги добил своите 5 минути, откако претходниот претседател со кого не бил во добри односи замина во Апелација.