Потпретседателот на ДУИ, Арбр Адеми, смета дека владата на Мицкоски спроведува политики за враќање на Албанците во состојбата во која беа пред 2001 година.Во емисијата „Дијалог те Лајми“, Адеми рече дека во последно време многу македонски aналтичари и политичари зборуваат за одмазда кон Албанците за војната во 2001 година, дури и отворено зборуваат за тоа како што го нарекуваат „втор дел“.
Според него, двете најголеми македонски партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, имаат заеднички план, кој според Адеми е постигнат во 2022 година со посредство на олигархијата да се исклучат Албанците од одлучувањето и да се маргинализираат.Сепак, Адеми е убеден дека Македонците не можат да ја добијат оваа некоретна битка против Албанците.
„Во јавнотоста гласно се зборува од разни аналитичари, од разни политички претставници, дека сега е време за второто полувреме на играта меѓу Македонците и Албанците. Каде што тврдат дека Албанците го добиле првото полувреме, а сега во второто полувреме се обидуваат да го срушат резултатот, секогаш според нив“, рече Адеми.ЛАЈМ: Дали Македонците можат да го добијат второто полувреме?„Како што планираат, никако не можат да ја го добијат. Затоа што Македонија 2024-2025 е сосема поинаква и не е Македонија пред 2001 година“, рече Адеми во емисијата „Дијалог те Лајми“.