МАКТЕЛ

     

АДМИНИСТРАТИВНА БОРБА ЗА ОПСТАНОК НА ЦЕНТАРОТ ЗА ДЕЦА ОД УЛИЦА ВО ШУТО ОРИЗАРИ Здружението ќе се бори да си ја врати лиценцата

      

Дневниот центар за деца од улица во Шуто Оризари се соочува со можност за затворање, откако Министерството за социјална политика донесе одлука за одземање на неговата лиценца. Причината, според надлежните, е тоа што просторот во кој функционира не ги исполнува стандардите. Од здружението што го управува Центарот тврдат дека направиле обиди да ги усогласат условите, но не добиле конкретни насоки за потребните подобрувања. Додека се чека исходот од жалбената постапка, 24 деца кои секојдневно го посетуваат Центарот остануваат во неизвесност. Дваесет и четири деца на возраст од 4 до 14 години кои секојдневно престојуваат во Дневниот центар за деца од улица во Шуто Оризари, наскоро би можеле да останат без своето сигурно прибежиште. Министерството за социјална политика, демографија и млади неодамна донесе одлука за одземање на лиценцата на Центарот, со образложение дека просторот каде што функционира не ги исполнува стандардите. Од здружението што го управува Центарот сметаат дека одлуката е неправедна и дека е резултат на бирократски пропусти, со оглед на тоа што и покрај нивните обиди да ги усогласат условите, не добиле конкретно известување за евентуалните недостатоци. Министерството, пак, тврди дека финансиската поддршка годинава е насочена кон друг давател на социјални услуги, кој, според нив, ги исполнува пропишаните критериуми.  Станува збор за здружението „Иницијатива за развој и инклузија на заедниците“.

„На јавниот конкурс имаат право да аплицираат здруженија и приватни даватели на социјални услуги согласно условите пропишани во истиот. На јавниот конкурс аплицираше и Здружението на граѓани Заштита на правата на детето за социјалната услуга – дневен престој за деца во ризик-деца на улица, но по спроведена постапка од страна на Комисијата за обезбедување средства за социјални услуги од општините и другите даватели е констатирано дека истите не ги исполнуваат условите пропишани во горенаведениот Јавен конкурс, за што Здружението е благовремено известено и информирано. Воедно, информираме дека од страна на Комисијата за лиценцирање на даватели на социјални услуги при Министерството за социјална политика, демографија и млади до Одделението за социјално вклучување, доставено е мислење за неисполнетост на условите за вршење на работа од социјалната заштита-за услугата центар за дневен престој за деца во ризик и воедно дава мислење за одземање на дозволата за вршење на работа во социјалната заштита за обезбедување на именуваната услуга, врз основа на што е изготвено соодветно Решение и истото е доставено до Здружението согласно позитивните законски прописи“, велат од ресорното министерство за Плусинфо. Од Дневниот центар, пак, сметаат дека Министерството било целосно некоректно, односно дека постојат повеќе недоследности и контрадикторности во целата постапка за одземање на нивната лиценца за работа, па ќе се жалат до Второстепена комисија.

   

Оливер Бачановиќ, претседател на Здружението за заштита на правата на детето, под чија капа спаѓа Центарот, во разговор за Плусинфо вели дека воопшто не е едноставно на тие 24 деца сега да им кажете дека повеќе нема да имаат каде да одат. – Откако Дневниот центар изгоре со градинката „Снежана“ во 2017 година, бевме преселени во дел во амбулантата во Шуто Оризари, а потоа во куќа спроти оваа здравствена установа, за на крај, во септември 2024 година, да најдеме нови простории. Се преселивме по укажување дека претходните простории не биле соодветни. Додека реновиравме во новата локација на Иљо Војвода, на 1 октомври 2024 дојдоа од Комисијата на министерството. Видоа, разгледаа, но не ни пратија никаков записник, дали чини, или не чини. Во подоцнежното Образложение од Министерството за одземање на дозволата за вршење на работа во социјалната заштита, не стои кои се причините за тоа зошто ‘не е соодветен просторот’, туку министерот донел Решение врз основа на Комисијата која изврши увид во нашите простории, а од која ние не добивме записник за она што е констатирано, иако повеќе пати се обраќавме кај надлежните и ги ажуриравме со фотографии со измените што ги правевме во просторот за да се прилагодиме на барањата согласно стандардите на Правилникот за работа.

Оттаму немаше никаква реакција. Иако, морам да додадам дека, дури и ако просторот не ги исполнува сите критериуми, треба да се има сенс за целокупната ситуација во општеството и за потребите на децата, наместо да се затвара еден толку потребен и докажан дневен центар. Пошироката слика е дека имаме потреба од повеќе дневни центри и дека наместо да ги намалува, министерството треба да наоѓа начин да ги зголемува ваквите капацитети. А нашиот центар не е само просторот, туку и целото акумулирано знаење и искуство што би згаснало со нашиот тим – вели Бачановиќ. За да биде конфузијата поголема, тој додава дека тие, во меѓувреме, имајќи лиценца за работа, биле легитимни да се пријават на конкурсот за доделување финансии за социјални услуги и да добијат управен договор. На овој конкурс пак, распишан на 24 декември, останале без поддршка, наводно, заради задоцнето даночно уверение од УЈП. Иако документот за даноци бил побаран во законскиот рок (на 25 декември 2024), како што вели Бачановиќ, тој им бил издаден на 3 јануари 2025 година, неколку денови подоцна, по крајниот рок на конкурсот (30 декември), поради што министерството не ја прифатило апликацијата. – Се пријавивме како што се пријавуваме секоја година. Не ни е прв пат. Со сета потребна документација и притоа укажавме дека сме поднеле барање до УЈП во законскиот рок. Бараниот документ го доставивме на истиот ден кога ни беше издаден од УЈП, но сепак, воопшто не беше разгледана апликацијата – посочува Бачановиќ. Во февруари дознале дека нивната апликација е отфрлена, а дури сега, на 7 март, дошол официјален допис дека им се одзема лиценцата за работа, бидејќи не бил соодветен просторот кадешто функционира Центарот. Така кругот се затвора, па Бачановиќ вели дека поентата е во тоа дека некој што е проверен во работата, поради бирократски причини и пост-фестум потези во документацијата, се доведува во ситуација да ја затвори вратата. Тој се надева дека ќе добијат позитивен одговор по жалбената постапка со оглед на големиот број правни пропусти и недоречености. Координаторката на Дневниот центар, Ирена Велкоска, објаснува дека киријата за просторот, храната и за хигиенските средства за децата досега успеале да ги обезбедат благодарение на донации од компанијата ТестДевЛаб, Ротари клуб Скопје Север и индивидуални донации од хумани граѓани. Таа посочи дека изминативе години им помогнале на повеќе од 600 деца и многу од нив ги извеле на вистинскиот пат.

  

Најново

Србија: Гимназиски професор кој ги навредуваше студентите стана државен секретар

Sase Ivanovski

Мерц ќе воведува вонредна состојба за да ја спречи масовната миграција во Германија

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова упати честитка до новиот папа Лав Четиринаесетти

Sase Ivanovski

Томовски: Ако сакаме да бидеме сериозна држава треба да имаме соодветен владин авион

Sase Ivanovski

Димитриевски до Филипче: Самопрогласениот лидер да се занимава со себе и да види да не му се распадне зградата на Бихаќка

Sase Ivanovski

ЗА ВЛАДИНИОТ АВИОН ВЕЌЕ НЕМА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ Соседните држави не собираат со нивни летала

Sase Ivanovski

(Видео): Овие документи потврдуваат голем скандал во Куманово – Димитриевски и Митевски, со поддршка на ДУИ, заработиле 350.000 евра!

Sase Ivanovski

БИЛ ГЕЈТС ОБЈАВИ КОМУ ЌЕ ДОНИРА 107 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Си даде рок од 20 години

Sase Ivanovski

Венс: Не би рекол дека Русија не сака прекин на војната, ама тие бараат премногу

Sase Ivanovski

24 Отворено – Политичка драма на повеќе фронтови

Sase Ivanovski

Вин-Вин: Кој е мастер планот за кого игра Таравари? – Интервју со Зијадин Села

Sase Ivanovski

Вучиќ: Остварив многу срдечни средби со разни лидери

Sase Ivanovski

Кога ќе профункционираат спортските објекти во Прилеп ?

Sase Ivanovski

Претрес на адвокатот на Кешишев: Како царот Палчо ги разочара поданиците, по убиствата на Вања и Панче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Саемот на книгата е обид за културен натпревар на народите

Sase Ivanovski

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Крвавата пресметка ги вознемири штипјани

Sase Ivanovski

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Леоне XIV

Sase Ivanovski

Костадинов: Ќе ги рушиме угостителските објекти кои не исполнуваат стандарди!

Sase Ivanovski

„Прв американски папа, каква чест“: Трамп му упати честитки на новиот понтиф

Sase Ivanovski

РУСКА САЛАТА ОД ИЗГОВОРИ Еден по еден му откажуваат гостите на Путин

Sase Ivanovski

Прв говор на новиот папа: На човештвото му е потребен Христос како мост до Бога и неговата љубов

Sase Ivanovski

Новиот владин авион ќе нè чини од 20 до 50 милиони евра, ако сме сериозна држава, треба да имаме соодветно летало“, вели Томовски

Sase Ivanovski

Касами: Таравари ќе биде министер „уште некој ден“

Sase Ivanovski

Американецот Роберт Превост е новиот папа

Sase Ivanovski

(Видео) Пукање во Штип, едно лице убиено, нема информации за повредени

Sase Ivanovski

Родители на починатите во „Пулс“ со писмо до јавноста: Оваа трагедија е масовно убиство и загрозување на човековите животи и безбедноста. Бараме  правна разрешница и одговорност од сите инволвирани лица и институции

Sase Ivanovski

Ворен Бафет на 94 годишна возраст е горд што сè уште е жив со секојдневно јадење на брза храна и пиење кока-кола

Sase Ivanovski

Од ЕКВ и Дисциплина Кичме до Аца Лукас и Мира Шкориќ – „Коцка је бачена“ во МКЦ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филмски факт: Хероината на „Исправи се, Делфина“ меѓу реалноста и фикцијата

Sase Ivanovski

Новата сликовница „Девојчето со форичката“ ги едуцира децата за справување со емоциите

Sase Ivanovski

Утре еко час во „Лазо Ангеловски“ организација УНИЦЕФ и на Шведска

Sase Ivanovski

Изречена е казна затвор од една година за ширење расистички и ксенофобичен материјал кон ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група

Sase Ivanovski

Нова продукциска куќа зад „Д-фест“, фестивалот останува во Дојран

Sase Ivanovski

Медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра фаќа прашина по болниците бидејќи нема кој да ја користи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Во завршна фаза е набавката за новите 120 автобуси, јавниот долг под просекот на ЕУ, се решава недостигот на човечки ресурси во болниците

Sase Ivanovski

Димовска- Касталди: парламентарните служби се клучни за демократија

Sase Ivanovski

Средба Гаши – Фонтана во Рим

Sase Ivanovski

Порака од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Sase Ivanovski

Од Скопје до Вол Стрит: Prime Capital by Adora — првата инвестициска консултантска компанија основана со македонски капитал со акредитација во САД

Sase Ivanovski

Томовски: Бројот на општини кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги освои нема да биде само повторен, туку ќе биде и зголемен

Sase Ivanovski

Томовски: СОЗР со неколку нови проекти во интерес на државата и граѓаните

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара

Sase Ivanovski

Вооружени крадци уапсени во кругот на поранешна „Железара“, со пиштоли им се заканувале на вработени

Sase Ivanovski

Гостиварец извадил нож при кавга во продавница, сега ќе одговара

Sase Ivanovski

Газда на фирма од Гостивар ќе одговара за смртта на работник од Бангладеш

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Скопјанец снимен од камера како краде засадено декоративно растение

Sase Ivanovski

Adora Business Group: Со особена гордост го најавуваме новиот стратешки потфат на Adora Business Group — лансирањето на Prime Capital powered by Adora, инвестициска консултантска компанија со седиште на Wall Street во Њујорк, меѓу највлијателните финансиски институции во светот

Sase Ivanovski

Мистерија околу исчезнувањето на 28 годишниот Миле Тодоров

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Хаос во Париз по победата над Арсенал

Sase Ivanovski

Филипче за можна коалиција со ДУИ и Таравари: Ќе разговараме со сите политички партии

Sase Ivanovski

Ангеловска-Бежоска на Kонференцијата на Светската банка: За повисок раст најважно е да се зголеми продуктивноста којашто е околу половина од европската

Sase Ivanovski

Коцевски: Можно е проширување на истрагата за „Пулс“

Sase Ivanovski

Апелација со повисоки казни за обвинетите во „Ласкарци“, сопственикот на „Дурмо турс“ наместо 4 години ќе лежи во затвор 10 години

Sase Ivanovski

Муцунски: Посветени сме на реформите, но очекуваме и Брисел да го исполни она што го вети кон Западниот Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Виктор Грозданов: Извини господине Ахмети ќе се соочиш со вистината која се вика опозиција

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода албански државјанин на Граничен премин Блато поради нудење поткуп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ поднесе предлог Закон за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

(ФОТО) Голем интерес за селекција на отпад во Охрид: Комплетирана иницијативата за селекција како дел од РСУО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дамир Пух со нов инструментален сингл – „Saffron Skies“

Sase Ivanovski

(ФОТО) Средба на заменикот генерален секретар Ѓошевски со специјалната пратеничка на финското Претседателство со ОБСЕ

Sase Ivanovski

Средба на потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски со претставници од Секретаријатот на Партнерството за отворена власт

Sase Ivanovski

(ФОТО) Герасимовски: Ја отворивме првата градинка во Пролет по 50 години, за најмилите, за нашите дечиња

Sase Ivanovski

Максим Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ, како најбрзорастечка партија во Македонија

Sase Ivanovski

Дурмиши: Мерките на Министерството за економија и труд даваат резултат, цените на храната се стабилизираат, посветено работиме на заштита на животниот стандард

Sase Ivanovski

(ФОТО) Филипче: Градинката „Пролет“ е пример како треба да изгледа модерно Скопје – спротивно од кичот на Скопје 2014

Sase Ivanovski

Павле Арсоски Движење ЗНАМ – За наша Македонија во Крушево и Демир Хисар

Sase Ivanovski

(ФОТО) Максим Димитриевски во Долнени и Прилеп: Верувам во политиката што произлегува од теренот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки, до кога ЈО ќе молчи?

Sase Ivanovski

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи Законот за Кочани

Sase Ivanovski

Пренџов: ДУИ е партија базирана на ширење нетрпеливост, лаги и манипулации

Sase Ivanovski

(ФОТО) Потпреседателката на ЗНАМ, Бендевска на средба со членовите и симпатизерите во Кавадарци и Неготино

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“ Скопје – Подрачно одделение Охрид за злоупотреба на службената положба и овластување

Sase Ivanovski

НАВИСТИНА ПРИВЛЕКУВА ПОГЛЕДИ – НОВАТА OPEL MOKKA БЛЕСКА ВО НОВИТЕ БОИ

Sase Ivanovski

МЕП Муртезани: „Реформите се постојана обврска заснована на докази, транспарентност и јавна доверба“

Sase Ivanovski

Македонска опера и балет: Риголето, Лебедово езеро, Набуко – почнуваат Мајски оперски вечери!

Sase Ivanovski

Николоски: Арсовска целосно потфрли, ќе понудиме квалитетен кандидат за Скопје

Sase Ivanovski

Заврши Генералното собрание на Асоцијацијата на уставни судови на Франкофонијата во Букурешт- донесени се повеќе одлуки

Sase Ivanovski

Георгиевски: Изградивме ново основно училиште, нов дел на градинка, нов спортски комплекс, ја развиваме општина Илинден во современо место за живеење

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС измислува анкети, Филипче си ги лечи фрустрациите со лажни бројки

Sase Ivanovski

Национална платформа за вработување на Роми – Отворање на економскиот потенцијал преку инвестирање во ромската заедница

Sase Ivanovski
Вчитувам....