Меѓународниот аеродром во Тирана (ТИА) продолжува со трендот на зголемување на бројот на патници, кои ги користат неговите услуги, но и на транспортот на стоки. Тоа го потврдуваат податоците на државниот Институт за статистика (ИНСТАТ), според кои во првиот квартал од годинава регистрирани се 2.083.050 патници, наспроти над 1,9 милиони патници или 9,1 отсто повеќе, споредено со истиот период минатата година.
Освен албански, услугите на аеродромот, во голем број, ги користат и македонските, косовските и црногорските граѓани. Официјалните статистички податоци покажуваат дека во овој период е зголемен и обемот на стока што се транспортира со авион. Обемот на стоки, вклучително и влезна и појдовна пошта, преку воздушен транспорт изнесува 550,5 тони, од кои 74,5% се влезна стока и 25,5% појдовна стока.