Лондонскиот аеродром Хитроу денеска соопшти дека е повторно отворен, откако неговото работење беше принудно запрено вчера поради пожар кој ја прекина струјата и го принуди еден од најфреквентните аеродроми во Европа да затвори и да ги откаже сите полетувања и слетувања.
„Можеме да потврдиме дека Хитроу денеска е отворен и работи со полн капацитет. Тимовите на аеродромот прават се што можат за да ги поддржат патниците погодени од вчерашниот прекин на електричната енергија“, изјави портпаролот на Хитроу.
Поради пожарот што избувна вчеравечер, авионите беа пренасочени кон други аеродроми низ Обединетото Кралство и Европа, а патниците на долгите летови едноставно се вратија на своите дестинации за поаѓање.