Учениците од деветто одделение од сите основни училишта во Општина Аеродром имаат можност да извршат бесплатен скрининг на тироидната жлезда, соопшти локалната самоуправа. Скринингот почна вчера во училиштето „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче. Ќе бидат прегледани сите деветтоодделенци, по претходно добиена писмена согласност од родителите или од старателите.
В.д. градоначалникот, Дејан Митески, вели дека Аеродром е прва општина во која се спроведуваат вакви скрининзи што имаат превентивен карактер. „Иницијативата ја даде директорот на здравствената установа „8 Септември“, проф. д-р Синиша Стојаноски, а родителите на учениците без двоумење ја прифатија оваа превентивна мерка.
Инаку, д-р Стојаноски ги спроведува скрининзите во училиштата, заедно со д-р Невена Маневска.
Општина Аеродром останува посветена на создавање уште подобри услови за безгрижно и здраво детство на нашите најмили“, соопшти локалната самоуправа.