31.8 C
Скопје
12/06/2025 15:10
МАКТЕЛ

   

АЗЕСКИ, КОСТОВ, ЈОСИФОВСКИ, МУКАЕТОВ, ГЕЧЕВ И АНЃУШЕВ ИМ ПИШАА НА ДРЖАВНИЦИТЕ – зошто треба да се стопира носењето на солидарниот данок, Комората ќе го даде на Уставен суд

      

Бранко Азески Претседател на Стопанската комора на Северна Македонија, потоа заменик претседателите на Стопанската комора, како и членови на „КЛУБ 100“, односно Хари Костов, главен извршен директор и Претседател на УО на Комерцијална банка АД Скопје, потоа Андреја Јосифовски Претседател на УО на „Макпетрол“ Скопје, м-р Живко Мукаетов Претседател на УО и генерален директор на „Алкалоид“ АД Скопје, Илија Гечев Генерален директор на „ИГМ Трејд“ АД Кавадарци и проф. д-р Кочо Анѓушев Претседател на УО, Брако Групација, напишаа еден опширен допис до неколку битни адреси, а клучната поента е зошто треба да се стопира носењето на солидарниот данок.

Дописите се доставени до премиерот Димитар Ковачевски, претседателот на Собранието, Талат Џафери и до министерот за финансии Фатмир Бесими.
Фактор овој допис ќе го пренесе во целост, со оглед што станува збор за битна тематика од економското опкружување на државава.
„Почитувани, на 26.06.2023 година, Стопанската комора на Северна Македонија преку Клубот 100 и органите на Комората, поднесе иницијативата за стопирање на постапката за донесување на Предлогот на Законот за данок на солидарност. Клубот 100 има водечка улога во менаџирањето на Комората, како најрепрезентативен претставник на приватниот сектор во нашата држава и со години наназад се во врвот на листата на најуспешните компании. Компаниите предводени од членовите на Клубот 100 вработуваат над 6.200 вработени, годишно уплаќаат повеќе од 105 милиони евра даноци и придонеси, а како резултат на унапредување на деловните процеси, зголемени инвестиции и освојување на нови пазари уплатите на даноците и придонесите во 2022 година се поголеми за 15 отсто во однос на 2021 година или за околу 14 милиони евра.

   

Истата иницијатива се поддржа со потписи од значаен број на релевантни и успешни компании и стопанственици – членови на органите и телата на Комората (Управен одбор, Собрание и Надзорен одбор), при што се укажува на сите негативни последици кое евентуалното вакво законско решение и неговата ретроактивна примена за фискалната 2022 година ќе ги предизвика врз домашните и странските компании и инвеститори во државата.

Оваа иницијатива беше поддржана и од Советот на странски инвеститори, при што особено беше укажано дека повлекувањето на овој Предлог закон од редовната собраниска процедура и неговото повторно пуштање со наводно европско знаменце ќе претставува само обид за манипулирање со редовните собраниски процедури за носење на законите и злоупотреба на Европското знаме. Неводејќи воопшто сметка за аргументите на Комората и стопанството, а водејќи се единственото од потребата и желбата за пополнување на буџетските дупки и неограничено трошење, Владата на Република Северна Македонија, на 11.07.2023 година, повторно го утврди Предлог Законот за данок на солидарност, ставајќи му европско знаменце и повторно го достави во собраниска процедура, со единствено образложение дека се врши усогласување со директиви на Европската унија и Европското законодавство, односно со Регулативата на Советот (ЕУ) 2022/1854 од 6.10.2022 година, со која што се утврдува и “обврската за наплата на придонес за солидарност“.

За Стопанска комора, носењето на Законот не претставува никакво усогласување со директивите и регулативата на ЕУ, напротив тоа е само злоупотреба на тие регулативи. Можни се две причини зошто Владата, во најблага смисла на зборот не ја кажува вистината и ја злоупотребува регулативата на ЕУ. Првата е дека воопшто не ја разбираат Регулативата 2022/1854, и тогаш тешко нам ако ваква администрација треба да не усогласува со Европското законодавство во целиот процес на преговори со ЕУ до постигнување на полноправно членство.

Втората, која е уште полоша е, дека администрацијата можеби правилно ја чита Регулативата 2022/1854, но свесно изнесуваат неточни податоци и сега ќе се обидат, користејќи ја скратената постапка, да ги убедат пратениците да го донесат предложениот закон за данокот на солидарност.
Стопанската комора, имајќи ја предвид одговорноста на пратениците при донесување на Предлог законот, во продолжение подетално ќе ја претстави цитираната регулатива на ЕУ: Прво, Регулативата 2022/1854 е донесена на 6.10.2022 година, односно во период кога беа остварени највисоки астрономски цени на пазарот на електричната енергија, гасот, јагленот, нафтата и нафтените деривати и кога енергетските компании (компании кои се занимаваат со производство на електрична енергија, јаглен, нафта, рафинерии за производство на нафтени деривати и производители на природен гас), користејќи ја кризната состојба, остварија астрономски профити како никогаш во својата историја.

Денес, јули 2023 година, состојбата веќе не е таква – цените на енергенсите веќе не се на тоа ниво. Точно е дека кај дел од нив, пред се електричната енергија и нафтените деривати, цените се сеуште на нешто повисоко ниво од пред кризниот период, но секако не на астрономско ниво како што беа во пикот на кризата, и кога определени капацитети заради зголемените трошоци мораа да прекинат со своето производство. Второ, како што е и самиот наслов на Реулативата 2022/1854 – Регулатива за итна интервенција во врска со високите цени на енергијата – таа, во својот најголем дел се бави со итни, времени и исклучителни мерки кои треба да ги превземат земјите членки на ЕУ поради зголемените цени на енергенсите главно како последица на Руско – Украинскиот конфликт. Тоа се главно мерки за намалување на потрошувачката на енергија, можно максимизирање на цените на енергијата за домаќинствата и малите и средните претпријатија или ограничување на приходите од енергијата кои ги остваруваат енергетските компании и во еден помал дел од Регулативата се пропишува и можното воведување на данок на солидарност.

Трето, воведувањето на данокот на солидарност е предвидена како можност, а не и обврска за земјите членки. Затоа дел од нив воопшто не воведоа ваков данок и затоа воопшто не точно кога Владата пред јавноста и пратениците го претставува донесувањето на Законот за солидарност како обврска за усогласување со европските регулативи. Четврто, како што е предвидено во точките 13, 14 и 63 и членовите 1, 2 точка 18 и 19, член 14 од Регулативата 2022/1854 препораката за воведување на данок на солидарност се однесува САМО на претпријатијата од областа на суровата нафта, природниот гас, јагленот и рафинериите, кои во услови на енергетската криза остварија повеќе од два пати поголеми профити, кои не можеа да ги остварат во нормални услови. На пример, во 2022 година од оваа област најголем профит оствари Саудискиот Арамко во износ од 161 милијарда долари, потоа следуваат Ексон Мобил со 59 млрд. долари (23 млрд. долари во 2021 година), Шел со 40 милијарди долари (19 во 2021 година), Шеврон со 36 милијарди долари (15 во 2021 година), Тотал со 36 милијарди долари (18 во 2021 година), Шел со 27 милијарди долари и.т.н.

Но тоа воопшто не значи дека треба дополнително да се оданочуваат и претпријатија од другите области, кои не само што не заработија од енергетската криза, туку напротив беа соочени се неколкукратно зголемување на своите трошоци за енергија, па заради тоа искажуваа загуби, а некои и го прекинаа процесот на производство. Образложението на ЕУ беше јасно дека треба да се овозможи компаниите од областа на суровата нафта, природниот гас, јагленот и рафинериите, кои заработија од енергетската криза да учествуваат соодветно во покривањето на планираните субвенции. Петто, согласно член 14, точка 3 од Регулативата, земјите членки на ЕУ ги донесоа и објавија мерките за примена на солидарниот данок најдоцна до 31.12.2022 3 година. Значи ЕУ ја донесе Регулативата 2022/1854 на 6.10.2022 година, а мерките за солидарниот данок најдоцна до 31.12.2022 година и до тој датум земјите членки мораа да известат за евентуално воведениот солидарен данок, со што компаниите барем навреме можеа да си ги испланираат и подготват завршните сметки за 2022 година.

Предлогот на Владата, Собранието на Република Северна Македонија да го донесе Законот за солидарниот данок во јули 2023 година значи дека тој Закон ќе има ретроактивна важност на завршните сметки на компаниите за 2022 година. Владата и пратениците во Собранието треба да бидат свесни дека тоа е во директна спротивност со член 52 од Уставот кој пропишува дека „Законите и другите прописи не можат да имаат повратно дејство, освен по исклучок, во случаи кога тоа е поповолно за граѓаните“, па и со други уставни одредби. Доколку и покрај оваа укажување, пратениците го изгласаат Законот во Собранието, тие и Владата ќе бидат директно одговорни за прекршување на Уставот.

Во таков случај, Стопанската комора на Северна Македонија ќе покрене соодветна иницијатива пред Уставниот суд за укинување на Законот на солидарен данок, а се надеваме дека и на почетник на правото му е јасно дека, доколу нема политички притисоци врз уставните судии, ваквиот закон не може да ја издржи уставната проверка.
Како поврзани работи со Регулативата 2022/1854 и предложениот Закон за данокот на солидарност, како Стопанска Комора, би сакале да укажеме на уште неколку работи:

Прво, воопшто не е точна тезата која деновиве се пушти преку некои медиуми дека „компаниите користеа помош од државата, сега не сакаат да возвратат…“. При тоа, се наведува колку приходи во 2022 година оствариле на пример Макпетрол, Алкалоид, Комерцијална банка, ИГМ Трејд, Фероинвест и „дека успешните компании сега не сакаат воопшто да плаќаат…“. Напротив, овие компании, па и многу други членки на Комората, се меѓу најголемите плаќачи на разни даноци, ДДВ, придонеси во корист на државниот буџет и на фондовите. Тие беа и најголеми донатори на здравствениот сектор во време на корона кризата, а се пример и на општествена одговорност во повеќе области. Токму затоа, Стопанската комора, веќе неколку години, инсистира на објавување на така наречена „бела книга“ на најголемите плаќачи на даноци и придонеси во државата, по примерот како што Министерството за финансии и Управата за јавни приходи квартално ги објавуваат компаниите кои се најголеми должници по основ на даноците и придонесите.

Иницијативата упорно се одбива од овие институции со образложение дека тоа е наводно „деловна тајна“. Не може да биде деловна тајна објавувањето на податоци за даноците и придонесите, кои се објавуваат како дел од завршните сметки на компаниите и кои се јавен податок. Овие институции треба само да ги обединат тие поединечни податоци и квартално да ја објавуваат таа „бела книга“, како што е и „црната книга“ за даноци и придонеси. На тој начин и пошироката јавност ќе знае кои се компаниите кои се најголеми плаќачи и полначи на државниот буџет и на фондовите и ќе се елиминира и тезата дека „успешните компании сега не сакаат воопшто да плаќаат…“. Напротив, како што укажавме, тие се најголемите плаќачи на даноци и придонеси, имаат континуирани инвестиции и раст на вработеноста и придонесуваат за вкупниот економски раст. Затоа имаат неспорни аргументи, зошто сега не треба дополнително тие да се оптоваруваат со нови, неуставни, непредвидливи закони и давачки, а тие што досега не плаќаа да продолжат со неплаќање. Тоа истовремено значи помалку инвестиции во бизнис секторот и помал раст и развој на компаниите.

Второ, заради предлагањето и евентуалното донесување на вакви непредвидливи закони и други мерки, се повеќе компании од Македонија во странска сопственост се премислуваат да го префрлат своето седиште во некоја од соседните земји кои не носат вакви закони и мерки (пред се во Србија, па и Косово). Но тогаш, Владата не само што нема да наплаќа дополнителни солидарни даноци, туку и редовните даноци кои досега се плаќаа во Македонија, ќе се плаќаат во тие земји.

За тие последици, Владата и Собранието треба сериозно да размислат кога предлагаат и гласаат вакви закони. За ова ќе наведеме и конкретен пример. Компанија од Македонија, во периодот од 2019-2020 година, од својата добивка не делеше дивиденди или зголемени плати, туку околу 12 милиона евра ги инвестираше во нови продажни и сервисни капацитети, што потоа и овозможи значително зголемување на вкупните приходи и добивката. Со предложениот Закон за данок на солидарност, покрај редовното годишно плаќање на данокот на добивка кое го извршуваше сите овие години, сега компанијата ќе треба да плати дополнително уште 1 милион евра. Значи компаниите кои успешно работеа, редовно плаќаа годишни даноци на добивка, домаќински се однесуваа и инвестираа, сега ќе треба долнително да ги казниме и оптовариме.

Затоа, странските сопственици на оваа компанија, се посериозно размислуваат своето седиште да го префрлат во Косово, кое не воведе вакви закони и давачки. Но тоа значи дека во иднина и даноците на добивка и сите други давачки ќе ги плаќаат во Косово, а не во Македонија.
Трето, пред извесно време, Потпретседателот на Владата на Република Северна Македонија изјави дека според проценките околу 1,5 милијарди евра се приходи кои се остваруваат во „сивата економија“ во државата и доколку тие се вклопат во постојниот даночен систем, тоа би резултирало со дополнителни приходи во Буџетот во износ од околу 420 милиони евра. И толку. Освен „Мој ДДВ и скенирај фискални сметки“ не видовме никаква политика, стратегија и мерки кои Владата планира да ги превземе за ублажување на последиците од сивата економија. Сигурно не очекуваат медиумите, новинарите или фирмите редовни плаќачи на даноци и придонеси да се справуваат со овој проблем.

Четврто, крајно време е оваа и идните влади и собранија на Република Северна Македонија (како што не направија скоро ниту една од минатите влади и собранија) да почнат да се занимаваат со енормниот пораст на буџетската потрошувачка и со политики и мерки кои ќе доведат до нејзино намалување, а не да измислуваат вакви неуставни закони со кои товарот на буџетската потрошувачка врз стопанството и населението станува се потешко одржлив.

Од јавно достапните податоци на Министерството за финансии (finance.gov.MK) според завршната сметка за 2005 година Буџетот изнесувал 100 милијарди денари или 1,63 милијарди евра. Планираниот Буџет за 2023 година (пред најавениот ребаланс наесен) изнесува 324,8 милијарди денари или 5,28 милијарди евра. Тоа значи дека Буџетот во 2023 година е за 3,2 ПАТИ поголем од тој во 2005 година. Во истиот овој период, БДП е зголемен за околу 21 отсто, односно со просечна годишна стапка од само 1,7 отсто.
Да земеме како пример дека буџетската потрошувачка во овој период можела да расте и со 3 пати поголема стапка од порастот на БДП, односно да биде поголем за 63 отсто од тој во 2005 година, тогаш Буџетот за 2023 година би требало да изнесува 2,63 милијарди евра, а во никој случај 5,28 милијарди евра.

Или уште една споредба. Според последните податоци на НБРСМ вкупните депозити на домаќинствата во банкарскиот сектор изнесувале 330 милијарди денари или скоро 5,36 милијарди евра. Тоа значи дека за една година државата преку Буџетот троши средства скоро колку што се целокупните депозити на населението во банкарскиот сектор.
Се надеваме дека и на Владата и на Собранието им е јасно дека ваквата буџетска политика и потрошувачка е неодржлива на подолг рок, дека е се поголем товар за стопанството и населението и дека итно треба да се превземат мерки за нејзина рационализација и намалување.

На крајот, уште еднаш да повториме: доколку Владата и Собранието на Република Северна Македонија, и покрај сите овие укажувања и аргументи, не се откажат и не го повлечат од натамошна постапка Предлог Законот за солидарен данок, Стопанската комора на Северна Македонија, најитно ќе поднесе иницијатива пред Уставниот суд за преиспитување на уставноста на Законот. Исто така, доколку пратениците сепак го изгласаат донесувањето на Законот, согласно член 75, став 2 од Уставот, Стопанската комора ќе побара од Претседателот на Република Северна Македонија да не го потпише Указот за прогласување на Законот за данок на солидарност, затоа што тој е очигледно во спротивност со член 52 од Уставот.

   

Најново

Мицевски: Во Собранието се прави политиканство на болна тема, СДС, Левица и ДУИ бараа Кочани да биде прва точка, а гласаа против дневниот ред

Sase Ivanovski

САД И КИНА ПОСТИГНАА ТРГОВСКИ ДОГОВОР: САД ќе добие ретки минерали, а што добива Кина?

Sase Ivanovski

Црногорското собрание одлучи да испрати припадници на војската на Црна Гора во Украина

Sase Ivanovski

СДСМ: Трајко Славески со платa од 3.000 евра им порачува на граѓаните да работат по три работи

Sase Ivanovski

Пожар во Вардариште остави без струја 47.000 корисници од Аеродром и Гази Баба

Sase Ivanovski

Гатузо по заминувањето од Хајдук може да стане селектор на Италија?!

Sase Ivanovski

Герасимовски: Денес сме во населба Пролет каде ја изградивме најубавата градинка во Македонија

Sase Ivanovski

ПОМАЛКУ ПАРИ ОД СТРАНСТВО, РАСТ НА ЗАДОЛЖУВАЊЕТО, НО И РАСТ НА БУЏЕТОТ – еве ги Фискалните планови до 2030 година

Sase Ivanovski

Голем пожар во куќа во скопско Соње! Итна евакуација имало на семејството кое живеело во куќата

Sase Ivanovski

Двете Кореи ги демонтираат пропагандните звучници на границата

Sase Ivanovski

ИНЖЕНЕРИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Поднесовме барање за информации од јавен карактер до Министерството за транспорт за „Вардарска долина“ и трасата на брзата пруга

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Талески: Сите гледаме како одговорност се бара кај келнери, кај диџеи, кај обезбедување, но обвинителството е слепо за оние над нив

Sase Ivanovski

СЕ ПОЈАВИЈА ГЛАСИНИ ДЕКА ЕРДОГАН Е БОЛЕН: Турските власти експресно се јавија со одговор

Sase Ivanovski

Синодско искушение: Георгиј има шанса да докаже дека е достоен

Sase Ivanovski

КОСОВО САКА ДА ГО ПРИФАТИ БАРАЊЕТО НА САД: Спремни се да примат странски државјани

Sase Ivanovski

Нова драма во Австрија: 12- годишно момче направило листа за отстрел на своите соученици

Sase Ivanovski

ЕВРО ДА, АМА СО РЕФЕРЕНДУМ: Радев за воведување евро во Бугарија

Sase Ivanovski

Каков имот пријавил Алиу – Новиот министер за здравство

Sase Ivanovski

По 35 милиони евра за километар автопат?! Славески: Сумата за Бехтел и Енка ќе биде поголема од 1,3 милијарди евра

Sase Ivanovski

СРБИЈА ЌЕ ПОМОГНЕ НА УКРАИНА: Вучиќ кажа колку градови би можеле да обноват

Sase Ivanovski

Арсовска: За 5 минути ВМРО ќе ме однесеа во затвор ако имаше постапка досега. Орце џабе ти се нарачките на текстови против мене

Sase Ivanovski

Адеми: Оваа земја не им припаѓа ниту на оние што пцујат, ниту на оние што делат. Ова место припаѓа на сите

Sase Ivanovski

Индискиот авион се урна врз хостел за лекари

Sase Ivanovski

СВР Битола со детали за случајот во кој внуката ги избоде сопствените баба и дедо

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Се урна авион на аеродромот Ахмедабад – имало 242 патници

Sase Ivanovski

По апсењето и Тошковски го санкционира сопартиецот Нацев. Му ја одзема лиценцата на Рубикон

Sase Ivanovski

КЗК: Вишиот управен суд потврди решение со што се утврди дека големи веледрогерии склучиле забранет договор

Sase Ivanovski

Игуменот Георгиј едногласно избран за нов Митрополит Дебарско-кичевски

Sase Ivanovski

Aкција на БЈБ, извршени претреси во Велес – запленети кокаин, пари и мобилни телефони

Sase Ivanovski

Филипче од Атина: Работниците мора да знаат дека само со социјалдемократија нивните права и стандард ќе растат

Sase Ivanovski

СДСМ: Згаснаа 62 млади животи а власта ги штити вистинските виновници за Кочани

Sase Ivanovski

СДСМ: Расипничка власт, 3 милиони евра за мобилни телефони додека народот нема за леб!

Sase Ivanovski

СДСМ: Срамота е Славески кој е цел живот во фотелји да им порачува на граѓаните да работат по 2-3 работи

Sase Ivanovski

Во најновиот извештај на Државниот завод за ревизија за работењето на друштвото за туризам, угостителство, рекреација и спорт ЕЛЕМ Турс, ревизорите утврдиле недоследности во неговото работење

Sase Ivanovski

Четворицата француски активисти од бродот „Мадлин“ до петок ќе бидат депортирани од Израел

Sase Ivanovski

Влада: За три дена, 109 повредени лица од Кочани ја искористиле телефонската линија 070/355-526

Sase Ivanovski

Шестата рунда преговори меѓу САД и Иран ќе се одржи овој викенд во Оман

Sase Ivanovski

Полицаец убиен во сериозни судири во Боливија

Sase Ivanovski

Најмалку пет работници од Хуманитарната фондација за Газа се убиени во напад на Хамас

Sase Ivanovski

Нови детали за убиецот од Грац: Тренирал во стрелачки клуб

Sase Ivanovski

Студентскиот дом „Пелагонија“ отворен за сместување студенти од 1 јули

Sase Ivanovski

Парада и протести: Две Америки се среќаваат во сабота

Sase Ivanovski

Напад со беспилотно летало во Харков: 12 повредени, меѓу кои 4 деца, погодени се станбени згради

Sase Ivanovski

Предлог-законот за една изборна единица денеска пред пратениците

Sase Ivanovski

Трамп: Подготвен сум да го продолжам рокот за завршување на трговските преговори по 8 јули

Sase Ivanovski

Полицијата во Лас Вегас го прогласи протестот за нелегален и им нареди на демонстрантите да се разотидат

Sase Ivanovski

САД вршат притисок врз Мексико да ги гони политичарите поврзани со картелите

Sase Ivanovski

Во Собранието седница ќе одржат три комисии

Sase Ivanovski

Рубио го честиташе Денот на Русија: Остануваме посветени на конструктивна соработка со Москва

Sase Ivanovski

Украина тврди дека руските воени загуби од почетокот на војната надминале еден милион луѓе

Sase Ivanovski

Ким Џонг-ун: Зајакнати односите меѓу Русија и Северна Кореја, Путин е мојот најблизок пријател

Sase Ivanovski

Израел наскоро ќе го нападне Иран?

Sase Ivanovski

Времето денеска сончево со мала до умерена локална облачност

Sase Ivanovski

Пецаков: За средствата од Владата за општините аплициравме со 24 проекти и добивме околу 9 милиони евра

Sase Ivanovski

Во сенката на пеколот, се роди човечност: Преживеаните од Кочани зборуваат за бугарските лекари кои им ги спасија најмилите

Sase Ivanovski

Герасимовски со дебармаалци: Безбедни пешачки зони, хигиена и култура за подобар живот

Sase Ivanovski

АРСОВСКИ: Аценце, те чекам на ТВ дуел, а во меѓувреме да ти го разбијам интервјуто дадено на маслиново масло Алфа ТВ

Sase Ivanovski

КАФЕ ЗА 1 ЕВРО: Ова е најевтината европска дестинација

Sase Ivanovski

АКО ОВА СТЕ ГО КУПИЛЕ ОД СРПСКА ИКЕА… Производот се повлекува, итно отстранете го од вашиот дом

Sase Ivanovski

АКО ДОБИЕТЕ 100.000 ЕВРА ПОМОШ, ДАЛИ БИ СЕ ВРАТИЛЕ ДА ЖИВЕЕТЕ НА СЕЛО: Еве што ни одговорија граѓаните…

Sase Ivanovski

САД И КИНА ПОСТИГНАА ТРГОВСКИ ДОГОВОР: САД ќе добие ретки минерали, а што добива Кина?

Sase Ivanovski

ОД 18 ЈУНИ ДОАЃА ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Плиток циклонски систем ќе ги спушти температурите

Sase Ivanovski

Во 2024 година имало повеќе вооружени конфликти отколку во која било година од Втората светска војна

Sase Ivanovski

Косово ќе прифати до 50 мигранти од САД во рок од една година

Sase Ivanovski

Декларацијата од самитот во Одеса повикува на зајакнување на санкциите против Русија

Sase Ivanovski

Се обидела да ги убие сопствените баба и дедо – уапсена девојка од Битола

Sase Ivanovski

Израел го демантира сопствениот амбасадор во Киев: Не сме ѝ ги дале системите „Патриот“ на Украина

Sase Ivanovski

Царина запленила 600 кг анаболици и 200 кг марихуана како дел од акција на Европол

Sase Ivanovski

СДСМ: Мицкоски праша, еве зошто неговата Влада е авторитарна

Sase Ivanovski

Градоначалникот Николов ги отфрла обвинувањата: Кривичната пријава е политички мотивирана, општината немаше допир со плаќањата

Sase Ivanovski

МВР донесе „Проценка од закани од сериозен и организиран криминал – СОКТА 2025“ – стратешки документ за борба со организираниот криминал

Sase Ivanovski

Мицкоски: Исправена е неправдата, доделени се доживотни признанија, израз на почит и благодарност, а не симболика

Sase Ivanovski

Европол: Сајбер криминалците ги претвораат личните податоци во високо вредна стока

Sase Ivanovski

Касами: Во Владата има место за нови политички партнери

Sase Ivanovski

Уапсен е млад тетовец – возел со 175 км на час на автопат

Sase Ivanovski

Мицкоски: Обвинителство да открива уште одговорни за пожарот во Кочани, ние ќе помогнеме

Sase Ivanovski

Да не дозволиме деца со попреченост да го поминат летото затворени дома: Се собираат донации за летен камп во Скопје!

Sase Ivanovski

Кина со критики за „провокативните“ изјави на Хегсет

Sase Ivanovski

Падна Чет-џи-пи-ти, проблеми за корисниците ширум светот

Sase Ivanovski

СДСМ: Тотален дебакл на Мицкоски во економијата – инфлација од 3,3% го изеде стандардот, платите, растот

Sase Ivanovski
Вчитувам....