22.8 C
Скопје
09/05/2025 16:36
МАКТЕЛ

     

Академската година изминува, ваучерите за електронски уреди за студентите уште се најавуваат

      

Помпезно најавени, ветени за сите, а испорачани за никого – ваучерите за електронски уреди за студенти остануваат мистериозна, нереализирана и долгонајавувана мерка на македонската влада. Шест месеци подоцна, мерката останува без јасна временска рамка, без конкретни информации и официјална постапка за спроведување. Иако средствата се предвидени во буџетот, студентите влегоа во летниот семестар без ниеден чекор поблиску до ветената поддршка. Од Владата не одговараат на новинарските прашања. Шест месеци по најавата на ваучери од 250 евра (15.000 денари) за електронски уреди за студентите, Владата сè уште не ги објавила деталите за спроведувањето на оваа мерка, оставајќи ги студентите без конкретни информации за времето и начинот на доделување на ветената поддршка. Академската година во која беше најавена мерката влезе во средината на летниот семестар, а студентите уште се во исчекување на финансиската поддршка за купување на таблети, лаптопи, компјутери  и телефони.

Гласна најава на студентските ваучери Во октомври 2024 година, на почетокот од новата академска година, премиерот Христијан Мицкоски најави дека сите студенти во земјата ќе добијат ваучери од 250 евра за набавка на електронски уреди. Премиерот ова го претстави како дел од владините напори за задржување на младите во државата. Мерката до некаде беше изненадување, бидејќи не беше дел од ниту една програма за работа на ниту една партија на парламентарните избори, што ја направи неочекуван, но привлечен и добредојден гест за студентите. Терминот на нејзина најава беше одбран мошне внимателно, токму на почетокот од учебната година, во период кога академската заедница е најактивна, а студентските теми се во фокусот на јавноста. Ова дополнително ја засили тежината на ветувањето, оставајќи впечаток дека реализацијата ќе биде брза и ефикасна. „Обзнанувам дека Владата ќе поддржи во наредните месец дена, преку јасни критериуми и јасен систем, ваучери во вредност од 250 евра за електронски уреди, за сите, повторувам, за сите студенти во државава, за сите до еден“, рече премиерот Мицкоски во своето обраќање по повод 33-годишната Конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ што се одржа на 6 октомври во Охрид. Оваа најава беше јасно и гласно повторена уште неколку пати во деновите што следуваа – премиерот ја кажа и во Отвореното студио „100 дена Влада“ што се емитуваше на 7 октомври на јавниот сервис МРТ 1, додека на 9 октомври владината портпаролка Марија Митева на прес-конференција информираше дека е „почната комуникација“ со компаниите кои би ги обезбедиле ваучерите.

   

„Понудивме два проекта кои цениме дека можат да значат додадена вредност и да бидат некаква провокација. Првиот е ваучер од 250 евра за набавка на електронски уреди, средства кои ќе бидат предвидени во буџетот за сите студенти, на сите универзитети. Тоа се отприлика нешто повеќе од 50.000“, кажа Мицкоски на 7 октомври 2024 година. „Младите мора да го добијат централното место во носењето на одлуки – ова е визијата на Владата при носењето на мерки и политики кои ќе придонесат за подобрување на животниот стандард. За таа цел, Владата предвиде мерки и тоа 250 евра ваучери за студентите за електронски уред“, рече Митева на 9 октомври. „Во однос на истото, сакам да најавам дека од страна на Владата е отпочната комуникација со компаниите во делокругот на информатичката технологија кои до крајот на оваа година треба да финализираат и истите да резултираат со утврдување на пристап кој е најповолен и преку кој ќе се изнајде најдобра методологија за распределба на обезбедените финансиски средства“, додаде Митева. Според најавите, мерката треба да им помогне на студентите во нивното образование и да ја олесни нивната дигитална поврзаност, особено во време кога онлајн ресурсите се сè позначајни за учење и академски развој.

„По финализирањето на преговорите со ИТ компаниите, кон крајот на оваа година ќе обезбедиме повеќе детали за процесот, како и насоки за тоа како младите ќе можат да ги максимизираат придобивките од овие ваучери“, потенцираше владиниот портпарол во октомври. Владата со молк и без јасен рок, студентите во дилема Но, детали не стигнаа ниту кон крајот на минатата година, ниту пак се знаат некакви новини во средината на четвртиот месец од новата година. Владата во декември единствено информираше дека во Буџетот се обезбедени средствата од 250 евра за набавка на електронските уреди и повторно посочи дека со мерката ќе бидат опфатени сите студенти. Освен ова, немаше никакви дополнителни информации. Последна во низата најави на мерката беше онаа на претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Сергеј Попов, кој на 30 март кажа: „Годинава од државниот буџет издвојуваме дополнителни 30 милиони евра за младите. Дел од овие пари се за на оваа група граѓани да им помогнеме да купат електронски уреди. За оваа цел ќе бидат поделени ваучери од по 250 евра, за набавка на телефони, компјутери и таблети, без кои во денешно време, тешко е да си студент ако ги немаш“.

Со оглед на тоа дека летниот семестар од академската година е во полн ек, а поради отсуството на информации, Мета.мк на 7 април испрати неколку прашања до Владата: прашавме кога ќе почне спроведувањето на мерката; дали студентите овој семестар конечно ќе ја добијат можноста да ги искористат долгонајавуваните ваучери; која институција ќе биде задолжена за нивно доделување и каде сè ќе може да се користат ваучерите. До овој момент, од Владата не одговорија на ниту едно наше прашање. Претходно во декември, на ваквите прашања од Владата ни рекоа дека детали за овој проект ќе се соопштат „навремено во јавноста“. Според досегашните знаци од Владата, финансиски средства за спроведување на мерката ваучери за студенти постојат, но нема конкретни информации за тоа кога студентите ќе можат да аплицираат и како ќе се доделуваат ваучерите. И покрај големиот интерес од студентите, Владата останува без јасен одговор за временската рамка и начинот на реализација. Мета.мк се обрати и до неколку студентски организации и универзитетски студентски собранија со прашања дали се во комуникација со властите околу оваа долгонајавувана мерка, но сите одговори беа негативни. Од Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УСС УКИМ) и Националното студентско тело (НСТ) велат дека побарале средба со премиерот Мицкоски по ова прашање, но до овој момент не добиле одговор од неговиот кабинет. Извор: Новинска агенција МЕТА

    

Најново

Толку ли брзо го заборавивте Кочани: Човекот кој беше врзан на плоштад во Скопје апелираше за помош на настраданите

Sase Ivanovski

ЕВН волонтираше во рамки на еколошката акција „Генералка викенд 2025“

Sase Ivanovski

Муцунски од Украина: Поддршка за безусловен прекин на огнот од страна на Русија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЉУБЧО: ПАРИТЕ ЗА БИЗНИСИТЕ МИ СЕ ОД КРЕДИТИ

Sase Ivanovski

Момчето од Кочани кое денеска со часови беше залепено за бандера на плоштадот во Скопје, се симна и прозборе пред јавноста

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЉУБЧО: БРЗАТА ПРУГА Е ПРОЕКТ НА СРБИЈА, НИЕ СЕ ЛЕПИМЕ НА ТОА КАКО КЛЕНОВИ

Sase Ivanovski

КОЈА Е СРПСКАТА АЛТА БАНКА ШТО ЈА „ПИКИРА“ НАШАТА СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА – ова се податоците за нејзината сопственост и профити

Sase Ivanovski

ПРЕДЛОГОТ ЗА КАНДИДАТ ЗА ИДЕН ГУВЕРНЕР ЌЕ СЕ ЗНАЕ НА ПОЧЕТОКОТ НА СЛЕДНАТА НЕДЕЛА – кој ќе седне на престижната функција во Народната банка

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЉУБЧО: Во градежната фирма до скоро имав околу 100 вработени, сега имам 20

Sase Ivanovski

ФЕД ГИ ЗАДРЖА КАМАТНИТЕ СТАПКИ И ПОКРАЈ ПРИТИСОКОТ НА ТРАМП – економијата и понатаму е под притисок поради царините

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЉУБЧО: Профитните маржи на банките се 100 пати поголеми од тие на маркетите, но јавноста е гневна на маркетите?!

Sase Ivanovski

ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА ГИ ШОКИРАА ТУРИСТИТЕ: Еве што да очекувате сезонава во омиленото летувалиште

Sase Ivanovski

„ДА ВИ КАЖАМ КОГА ЌЕ СЕ ВРАТАМ ДА ЛЕЖАМ ЗАТВОР…“ – Горан Ангелов Ќосето со остра реакција за укинувањето на притворот на Јахоски

Sase Ivanovski

„НАРОДНА БАНКА ПОКАЖА ОТПОРНОСТ ВО СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИТЕ“: Кјобе, шефицата на Мисијата на ММФ во Македонија

Sase Ivanovski

ВО НЕГОТИНО Е ТРЕТИРАНО: Стручни лица ќе проверат од Кавадарци до Гевгелија дали се раширил отровниот плевел

Sase Ivanovski

ВОЈНИЦИ, АРТИЛЕРИЈА, АВИОНИ… Еве колку чини воената парада во Москва

Sase Ivanovski

Просечна плата во МЕПСО забрзано се движи кон 1.000 евра

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Љубчо Георгиевски во „Бизнис муабети“: Најдобрите економски години за Македонија беа кога јас бев на власт

Sase Ivanovski

Фактор анализа ВЕЛЕС 2024: Кој го дрма Велес? Еве ги најголемите фирми во градот на Гемиџиите!!!

Sase Ivanovski

РАФУНА И АЗЕСКИ ВО СКОПЈЕ РАЗГОВАРАА ЗА НОРМАЛИЗИРАЊЕ НА ПРОТОКОТ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ НА МАКЕДОНСКО-КОСОВСКАТА ГРАНИЦА

Sase Ivanovski

АЗЕСКИ: Комората во изминатиот период, исполнет со кризи, покажа дека е можно кризите да се претворат во шанса ако се има јасна цел, а таа е доброто на државата

Sase Ivanovski

КОЈ ЌЕ БИДЕ НОВИОТ ГУВЕРНЕР НА МАКЕДОНИЈА – се споменуваат четворица кандидати, кого ќе предложи претседателката

Sase Ivanovski

ЦЕНИТЕ НА АВТОМОБИЛИТЕ СКОКААТ ЗА 40 ПРОЦЕНТИ! Реномирани производители тврдат дека за пет години возилата нема да бидат достапни за граѓаните

Sase Ivanovski

РЕКТОРКАТА НА УКИМ, БИЛЈАНА АНГЕЛОВА ЗА ФАКТОР: Новите згради на ФИНКИ И ФФОСЗ ќе ја зачуваат бруталистичката архитектура

Sase Ivanovski

ЗБОРУВА 7 ЈАЗИЦИ И ГО САКА ТЕНИСОТ: Кој е Роберт Франсис Превост, новиот папа – ова е неговиот пат до поглавар на Католичката црква

Sase Ivanovski

Колку заработија најголемите фотоцентрали во Македонија лани?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Љупчо Георгиевски: Десет години работев со маркети, но ги затворив – профитните маржи беа ниски

Sase Ivanovski

Фактор анализа БИТОЛА 2024: Бабам Битола – големи бизниси! Кои фирми направија од 10 милиони евра па нагоре?

Sase Ivanovski

НАРОДНАТА БАНКА КАЖА НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ЛАНСКАТА ДОБИВКА НА ДОМАШНИТЕ БАНКИ – профитот, сепак, растел побавно од претходната година

Sase Ivanovski

Ќе има ли Македонија државни енергетски капацитети – планови и инвестиции? Божиновска за ТВ24: „Најдобро е државата сама да ги гради“

Sase Ivanovski

Кој е „идеалниот“ број на сексуални партнери? Студијата ја открива слатката точка – и тоа не е она што мислите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЉУБЧО: ДВА ПАТИ СЕ ВИДОВМЕ СО МИЦКОВСКИ ОТКАКО СТАНА ЛИДЕР НА ВМРО ДПМНЕ, НО ОЧИГЛЕДНО ЗА НИШТО НЕ СЕ РАЗБРАВМЕ

Sase Ivanovski

Реакција на прес-конференција на Советничката во Советот на општина Куманово од СДСМ Атина Мургашанска, одржан на 09.05.2025 година

Sase Ivanovski

(ВИДЕО+ФОТО) Министерство за внатрешни работи: Министрите Тошковски и Дачиќ потпишаа договор за „One Stop“ систем со едно застанување и брза заедничка контрола, имплементација пред летната сезона

Sase Ivanovski

Месна заедница Галичник: ПОТРЕБНА Е ИТНА САНАЦИЈА НА ПАТОТ ВО ГАЛИЧНИК

Sase Ivanovski

(ФОТО) Општина Куманово – Панихида во спомен на загинатите бранители од Диво насеље

Sase Ivanovski

(ДЕН ПОТОА) ТАМАРА ТОДЕВСКА: ЕМОЦИИ, МУЗИКА И ЉУБОВ – ДА ОСТАНЕМЕ ОБЕДИНЕТИ

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Директорот на БЈБ, Јанев на работна средба во касарната „Ѓорче Петров“ и СВР Куманово

Sase Ivanovski

Миистерство за внатрешни работи: Кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште од Куманово, шест вработени во Министерството за образование и наука, две правни лица од Куманово и нивните сопственици за злоупотреба на постапката за доделување договор за превоз на ученици

Sase Ivanovski

(ФОТО) СКРИЕНОТО ТРЕТО: Некаде помеѓу присуството и отсуството

Sase Ivanovski

Ден на Европа – прослава на единство, култура и поврзаност

Sase Ivanovski

ИНЖЕНЕРИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА: 54 МИЛИОНИ ЕВРА СЕ ТРОШАТ БЕЗ КОРИСТ – ПОТРЕБНА Е РЕАКЦИЈА ОД ОБВИНИТЕЛСТВОТО

Sase Ivanovski

(ФОТО) ГАШИ – ЧЕЗА: ЧЛЕНСТВОТО ВО НАТО ЗНАЧИ ЗАЕДНИЧКИ ВРЕДНОСТ И СПОДЕЛЕНА ОДГОВОРНОСТ

Sase Ivanovski

Викторија Трајков ќе учествува на панел-дискусија насловена: Патот на Македонија кон ЕУ-предизвици и можности во 2025 година!

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Со заминувањето на СДС во опозиција, заврши и времето на недопирливите криминалци и на безредието во државата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Богданка Кузеска: Убиствата станаа секојдневие, СДСМ бара одговорност од Тошковски

Sase Ivanovski

(ФОТО) СДСМ: РЕК Битола работи на продолжен кабел!?

Sase Ivanovski

(ФОТО) Министерство за одбрана: Висока владина делегација на одбележувањето на Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, пораки за значењето на борбата против фашизмот и потребата од обединета Европа кон која припаѓа и македонската држава

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Димитриевски се уште не даде одговор на ниту едно прашање, институциите да не молчат и да постапат за овој случај

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Цените постојано растат, власта нема решение

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Лицемерно и исмевање на народот во лице е СДС и Филипче да поднесуваат закон за Кочани, исто како да поднесеа за Модуларната или за враќање на името

Sase Ivanovski

Костовски: Димитриевски е бесрамен предавник, институциите мора да реагираат за неговиот криминал

Sase Ivanovski

ЗНАМ: Кога Венко Филипче – симболот на здравствената мафија од време на пандемија, зборува за морал, чесност и патриотизам, тоа е навреда за здравиот разум на граѓаните

Sase Ivanovski

На денешен ден 9-ти мај, во престрелките во Куманово, животот го загуби бившиот припадник на Единицата Лавови, како припадник на Македонските специјални сили, Саше Самојловски – Касандрa од Тетово

Sase Ivanovski

(ФОТО) Орце Ѓорѓиевски: НЕКА Е АИРЛИЈА – СТАДИОНОТ ССК Е ЦЕЛОСНО РЕКОНСТРУИРАН!

Sase Ivanovski

(ФОТО) Орце Ѓорѓиевски: ЉУБИША АРАНЃЕЛОВИЌ, се поклонувам на твоето херојство! ВЕЧНА ТИ СЛАВА!

Sase Ivanovski

Саша Богдановиќ: Родителите Благе и Катица ја заменија својата стара куќа со новоизграден дом во општина Старо Нагоричане – Ова е десетта куќа изградена од темел а досега се помогнати семејства со над еден милион евра

Sase Ivanovski

Муцунски: Еднодневна посета на Украина

Sase Ivanovski

Николче Мискоски: По втор пат во Општина Кривогаштани се организира акција за чистење на отпад GENERALKA WEEKEND

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Чарна Невзати ќе ја претставува Македонија на Мис на светот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 24 Анализа – Колку евентуалните потреси во владата ќе донесат и предвремени паралементарни избори?

Sase Ivanovski

Од стационарот „Лајка” до Википедија: Едукативна авантура на учениците од гимназија „Јосип Броз-Тито“-Скопје

Sase Ivanovski

Честитка – Гаши: 9 Мај нека биде поттик за уште посилна посветеност кон европската иднина!

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Вчера 777 сообраќајни прекршоци, 175 за брзо возење

Sase Ivanovski

Јаневска: со квалитетни идеи и повеќе партнери на образовните установи, дополнително ја стимулираме еколошката одговорност кај младите

Sase Ivanovski

Гаши со честитка: Новиот папа да донесе повеќе духовност и поголема етика, а неговата работа да биде патоказ на патот кон мирот!

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода велешанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал три сообраќајни незгоди

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Министерство за внатрешни работи: Лишени од слобода лицето кое пукаше и четворица помагачи во врска со синоќешното убиство во Штип

Sase Ivanovski

СДСМ: Убиствата станаа секојдневие, Тошковски нема контрола над безбедноста

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни мерки и финансиска поддршка е партнер на општините во Македонија

Sase Ivanovski

Ристески: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вложува во спортската инфраструктура

Sase Ivanovski

Герасимовски: Со градинката Пролет поставивме нови стандарди за детска грижа во Центар

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: МЗШВ се грижи за земјоделците и руралниот развој во Македонија, доделени се договори во вкупен износ од 10.094.050 денари на 54 здруженија

Sase Ivanovski

Здружение на класични филолози „Антика“: Државен натпревар по класични јазици

Sase Ivanovski

СДСМ: Максим Димитриевски си ги сруши сите изборни ветувања со еден корупциски скандал – тој е минато

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода крадец во Струга за издржување казна затвор од две години и девет месеци

Sase Ivanovski

Герасимовски: Фотоволтаиците на ООУ „Киро Глигоров“ чекор до енергетски независен Центар

Sase Ivanovski

Филипче со честитка за Денот на победата над фашизмот и денот на Европа: Да го продолжиме патот на мирот, соработката, слободата и солидарноста

Sase Ivanovski

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Пропагандни видеа се шират на Фејсбук: Москва е рајот, а европските метрополи пеколот!

Sase Ivanovski
Вчитувам....