Доколку екс министерот за економија, Крешник Бектеши се најде на обвинителна клупа за катастрофалниот пожар во импровизирана дискотека „Пулс“ во Кочани – ДУИ излегува на улица. Ова за тв 24 го рече првиот човек на ДУИ, Али Ахмети.
„Ако Али Ахмети излезе на улица, враќање нема. Ќе ги поддржиме и барањата и протестите на семејствата на загинатите деца во Кочани, кои исто така бараат несeлективна прaвда. Тој процес може да заврши само со предвремени парламентарни избори. Во пакетот мора да има и ветинг на сите функционери од осамостојувањето на државата до денеска, вклучително и судиите и јавните обвинители, да се истражи приватизацијата, да се испита потеклото на имот. Ако се чепне албанскиот јазик, ДУИ ќе ги бојкотира локалните избори, кои без ДУИ не можат да успеат, по што државата ќе биде во политичка криза која ќе мора да заврши со избори“ – вели Ахмети
Тој тврди дека понудата за предвремени парламентарни избори заедно со локалните дошла од премиерот Христијан Мицкоски уште пред 100 дена Влада. Ахмети потврдува дека со Таравари имал три средби и не исклучува соработка за локалните избори, но вели се уште не прецизирано како ќе оди соработката и дали било во прв или втор круг.