Поранешната пратеничка, политичката аналитичарка Ѓулистана Марковска, вечерва во „Само вистина“ на телевизијата „Канал 5“, коментирајќи ги најавите за повторно отворање на Уставот поради измеин, рече дека Македонија е зрела за носење сосема нов Устав
„Со оглед на тоа дека уставот претрпе можеби осум промени и се менува поради што и е приоритет на некоја Влада, тоа да промени. Ако веќе го отвораме Уставот мислам дека сме зрели за носење сосема нов Устав, којшто би барал сеопфатна анализа на тоа што е направено од досегашните измени, каква да биде концепцијата и што треба да се направи. Ако оваа Влада го прави тоа на средина на мандат, ниту ќе има време ниту можност. За тоа се потребни добри 4-5 години анализа од вистински стручњаци, ако треба и однадвор, за да биде таков, а не базиран на дневнополитички промени што треба само да ја дефокусираат јавноста или да одговорат на агендата на политичкиот субјект кој владее“, рече Марковска.