Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов информира дека според неговите сознанија вработените во АД Пошта на Македонија се уште немаат земено плата. -Ако не ја добијат платата до понеделник, тие најавија штрајк кој ќе го поддржиме – додаде Трендафилов. Вработените во Пошта 2 Скопје на 11 март излегоа на протест, бидејќи биле соочени со огромни политички притисоци, закани и уцени од страна на раководни лица во дел од Подружниците, за по секоја цена да ги пренесат во друг синдикат кој ќе молчи поради тоа што не знаат ниту кога ќе биде исплатена платата.
Тие се пожалија дека партиски се наградуваат партиски лица во шефови и работни места во администрација на штета на 1.200 работници во технолошкиот процес, додека работниците немаат елементарни услови и средства за работа- велосипеди, мопеди, ташни за носење на поштата, ниту пак други основни средства, а од друга страна, приватните пошти го освојуваат поштенскиот пазар на штета на Македонска пошта.