Во скопски Чаир денеска се појавиле летоци со порака „Не гласај“ – испечатена на летоци или испишана со спреј по ѕидови на објекти и столбови на билборди, пренесува „360 степени“.
Лесно воочлив е верски аспект, со оглед на тоа што на еден од летоците пишува: „Ако си муслиман, не гласај“.На друг леток, пак, пишува: „Плаши се од Алах, не заокружувај друг Господ освен него“.