Американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се очекува да се сретнат двапати во Вашингтон следниот вторник, еднаш на работна средба, а потоа на неформална вечера, објави денеска Аксиос, повикувајќи се на неименуван извор.
Работната средба се очекува да се одржи околу пладне, по што двајцата лидери ќе вечераат со своите сопруги, објави американскиот портал.Средбата меѓу Трамп и Нетанјаху, потврдена оваа недела од нивните влади, е закажана за 4 февруари, по неодамнешниот договор за прекин на огнот меѓу Израел и милитантната група Хамас во Газа, пренесува Танјуг.